Во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот електричен e-tron GT – автомобил кој покажува колку ќе биде фасцинантна електричната мобилност. Овој Gran Turismo автомобил го означува доаѓањето на една нова ера за брендот. Купето со четири врати комбинира емотивен дизајн со моќен погон и динамични возни карактеристики.
Надворешноста на Audi e-tron GT е уметничко дело кое зрачи со невидена динамика. Секоја површина и секоја линија придонесува за совршено координирана целина – од предните светла, опремени со опционални Matrix LED светла, до големиот дифузер на задниот дел. Збирот на овие детали создава скулптура која била обликувана од самиот ветер. Неговиот дизајн се карактеризира со исклучителни аеродинамички квалитети, за што сведочи аеродинамичниот коефициент на отпор 0,24 Cd. Впечатокот кој го остава автомобилот во живо е едноставно многу импресивен, а би рекол и дека ова е еден од најатрактивните модели во моменталната понуда на Audi.
Внатрешноста одговара и на класичните автомобили од категоријата Gran Turismo. Широката централна конзола ги дели возачкото и совозачкото седиште во спортска ниска положба. Задните седишта нудат многу простор дури и за возрасни. Прогресивната елеганција на внатрешниот дизајн го подобрува прогресивниот карактер на автомобилот. Она што е особено интересно за ентериерот е тоа што тука се задржани голем број на физички копчиња за функциите кои често се користат, а сето тоа допринесува за одлична ергономија. e-tron GT секако ги добива и сите најнови технологии, а на централната конзола се наоѓа и најновиот MMI инфозабавен систем со 10.1-инчен екран, додека пред возачот се наоѓа целосно дигитална инструмент табла од 12.3-инчи. Исто така, конкретниот модел е опремен и со фантастични спортски bucket седишта во Santos-Brown комбинација.
e-tron GT е достапен во две верзии – „основна“ и спортска RS верзија. Конкретниот примерок кој е пристигнат е основната верзија која испорачува 476 коњски сили (со overboost функцијата 530 коњски сили) и 640 Nm вртежен момент благодарение на двата електрични мотори – по еден на секоја оска, а со тоа се добива и Quattro погон на сите четири тркала. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4.1 секунди, додека максималната брзина изнесува 245 км/ч.
Батеријата која ја користи e-tron GT е со капацитет од 93.4 kWh што овозможува опсег до 488 километри со полна батерија. Што се однесува до полнењето, e-tron GT ја користи истата архитектура од 800 волти и систем за управување со топлинска енергија како и Porsche Taycan. Батеријата може целосно да се наполни преку ноќ со помош на ѕиден полнач од 11 kW или кога е поврзан со брз DC полнач од 270 kW, полнењето до 80 проценти трае само 23 минути – или околу 100 километри опсег за секои пет минути полнење.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Audi каде што ќе може и одблиску да се запознаете со новиот e-tron GT.


































