Оваа година Fiat ја електрифицираше цела своја гама, а во салонот на Fiat пристигна новиот Tipo Hybrid. Оваа верзија на Tipo користи 1.5-литарски четирицилиндричен Firefly турбо-бензинец, на кој сега е поставен стартер-генератор од 48 волти и компактни батерии. Системот испорачува моќност од 130 коњски сили и 240 Nm вртежен момент, силата се пренесува на предните тркала преку седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.
Fiat тврди дека овој нов mild-hybrid погон ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 до 11 отсто во споредба со моторите без електрична помош. Додека, електричниот мотор испорачува доволно вртежен момент за да му овозможи на автомобилот да помине кратки растојанија (како на пример кога се движи напред на семафори или при паркирање) само со електрична енергија.
Подобрени се и перформансите – со новиот хибриден мотор, Tipo постигнува време од 0 до 100 км/ч за 9.3 секунди, што е повеќе од две секунди побрзо во споредба со верзијата опремена со 1.0-литарски трицилиндричен мотор. А на вратата од багажникот поставена е значка Hybrid за да се знае дека овој модел е еколошки.
Tipo е опремен и со широк опсег на безбедносна опрема како што се – автономно сопирање во итни случаи, препознавање на сообраќајни знаци, помош за одржување на возилото во лента и сензор за поспаност на возачот, кој може да препознае рани знаци на замор со следење колку добро автомобилот се држи во лентата.
Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Fiat.
















