Од 12 до 16 октомври во East Gate Mall се одржува саем на електромобили кој е во организација на Авто Плус и East Gate Mall. Љубителите на автомобили и посетителите можат одблиску да се запознаат со изложените модели кои вклучуваат целосно електрични, Plug-in хибридни и хибридни автомобили.
Автомобилите се изложени на различни места низ целиот мол, а може да се видат модели од брендовите: Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Tesla, Volkswagen, MG, Citroen, Toyota и Seres. Покрај автомобилите, изложени се и електрични велосипеди и електрични мопеди.
Овој настан е уште еден доказ дека електричните автомобили полека, но сигурно стануваат се почеста појава на македонските улици!


































