Mercedes-Benz ја претстави новата фејслифт верзија на A-Class, која останува достапна и како хечбек и како лимузина. Доаѓа со суптилни промени на надворешноста и внатрешноста, низа нови технологии и нови опции за персонализација.
Надворешниот дизајн е спортски и мускулест. На предниот дел доминира наведнатата хауба со две испакнатини и стрмниот „нос од ајкула“, редизајнираната решетка на ладилникот со ѕвездена шема и рамните фарови, достапни како опција во LED варијанта. Спортскиот карактер е подвлечен со четири нови дизајни на тркала во големини до 19 инчи, вклучувајќи опционални AMG црни тркала од лесна легура. Новиот заден дифузер и стандардните LED задни светла обезбедуваат фасцинантен и емотивно привлечен изглед и дење и ноќе. Надворешноста е совршено надополнета со атрактивен избор на надворешни бои – достапни се различни неметалик/металик бои и специјални MANUFAKTUR бои.
Ексклузивноста се одразува и во внатрешноста на новата А-Class. Апсолутно истакнување е стандардниот самостоен дисплеј со двоен екран од 7-инчи и поголемиот 10.25-инчен екран за инфозабавниот систем. Како опција достапни се два екрани од 10.25 инчи кои изгледаат како да лебдат. Внатрешната архитектура, која е единствена во оваа класа, создава многу посебен осветлен амбиент кој можеби потсетува на осветлувањето на футуристичка зграда во текот на ноќта. Трите кружни отвори за воздух со изглед на турбина, толку типични за Mercedes-Benz, се почит на светот на авијацијата. Ревидираниот волан е од најновата генерација на волани на Mercedes-Benz, стандардно во Nappa кожа, е компактен и одговара на високотехнолошкиот карактер на редизајнираната централна конзола.
Во новата А-Class, и хардверот и софтверот направија голем чекор напред. Најновата генерација на MBUX е интуитивна за работа и способна за учење. Возачот и централните дисплеи создаваат сеопфатно, естетско искуство и може да се приспособат по желба со помош на новодизајнираните стилови на дисплеј (Класичен со сите релевантни информации за возачот, Спортски со динамичен бројач на вртежи, Дискретен со намалена содржина), три режими ( Навигација, помош, сервис) и седум различни бои. Централниот дисплеј ги нуди сите претходни функции како навигација, медиа, телефон, итн.
Новата А-Class исто така доби ажурирање во однос на безбедносните системи. Со надградбата на пакетот за помош на возачот, на пример, контролата за задржување на лента е многу поудобна со користење на активната контрола на управувањето. Следната генерација на пакетот за паркирање поддржува надолжно паркирање и нуди, меѓу другото, визуелизација од 360 степени за паркирање со помош на камера и помош на 3D слики.
Новиот модел доби и ажурирање на моторите. Целата на палета на бензински мотори сега е електрифицирана и вклучува само четирицилиндрични мотори со 7 или 8-степен DCT автоматски менувач. Како mild хибриди, овие мотори се опремени со дополнителен електричен систем од 48 волти кој поддржува агилност при стартување со 10 kW поголема моќност. Освен бензинските, достапни се и неколку дизел мотори, кои исто така стандардно се опремени со автоматски менувач.
Еден голем чекор напред е направен и за Plug-in хибридните верзии – Високонапонската батерија е подобрена, така што поголемата употреблива енергетска содржина доведува до зголемување на електричниот опсег. Моќноста на електричниот мотор е зголемена за 5 kW и сега достигнува погонска моќност од 80 kW. Што се однесува до полнењето, има уште три опции: покрај стандардот од 3,7 kW, подобрената батерија сега може да се полни и со наизменична струја и до 11 kW, наместо само 7,4 kW како досега.
Освежени се и спортски AMG верзии на A-Class, односно моделите A 35 и A 45. Со својот ревидиран изглед, A 35 уште повеќе се доближува до семејството AMG и сè уште е достапен како хечбек и како седан, додека A 45 S е достапен само како хечбек.
Ревидираните предни фарови, решетката на ладилникот специфична за AMG и новата тркалезна значка со амблемот AMG наместо ѕвездата на Mercedes веднаш се истакнуваат. Дополнително, новата преден дел и моќните испакнатини познати од A 45 му обезбедуваат на A 35 ново, кохерентно AMG лице. Изгледот на AMG е подвлечен со новиот дизајн на тркалата, задниот спојлер, ревидираните задни фарови и кружните издувни цевки.
Стандардно, новите Mercedes-AMG A 35 и A 45 се опремени со AMG Performance воланот вклучувајќи ги и специјалните AMG копчиња, со кои возачот може да ги контролира карактеристиките специфични за AMG, како што се ESP или AMG Dynamics – без да ја тргне раката од волан. Дополнително, познатите AMG Performance седишта сега се достапни и во модерната „sage grey“ боја.
Исто така, има ажурирање и на моторот во AMG A 35. Во согласност со сериските модели, Mercedes-AMG A 35 е опремен со помошно напојување од 48 волти и стартер-генератор (RSG) управуван со ремен и испорачува моќност од 306 коњски сили со максимален вртежен момент од 400 Nm. Дополнително, сега е поставен AMG SPEEDSHIFT DCT 8-степен менувач и новиот преден радијатор го олеснува управувањето со температурата.
За пазарното лансирање на новата Mercedes-AMG A-Class, една специјална верзија на Mercedes-AMG A 45 S 4MATIC+ исто така ќе биде достапна ексклузивно и на ограничено време: AMG Street Style Edition импресионира со екстровертни и ексклузивни елементи на опремата. Стандардно доаѓа во MAGNO „mountain grey“ боја и фолија специфична за изданието со градиент во црна/антрацит мат боја и акценти на флуоресцентна портокалова боја, која ги нагласува елементите на Aerodynamics пакетот. Изгледот е совршено надополнет со новодизајнираните 19-инчни тркала во мат црна боја и светло-црвените шепи на сопирачките.
Со свoјот 2.0-литарски четирицилиндричен мотор, AMG Street Style Edition произведува 421 коњска сила и доаѓа со пакетите AMG Aerodynamics, AMG Night Package I и II.



















