Зимските пневматици на Continental, моделот WinterContact TS 870 продолжува на нижи успеси и победи во најразлични тестови. Continental WinterContact TS 870 е јасен победник на тестот за зимски пневматици на Auto Zeitung за 2022 година. Исто така, овие пневматици го заземаа првото место во сите тестирани големини на тестовите за зимски пневматици објавени од страна на главните автомобилски клубови во Германија, Австрија и Швајцарија.
Резултатите од тестирањето на ADAC ја истакнаа безбедноста на пневматиците во зимски услови и рамнотежата на сите површини. Оваа година, беа тестирани вкупно 33 модели на пневматици во димензии 185/65 R 15 – популарна димензија за мали автомобили и 215/60 R 16 за компактна класа (SUV). Andreas Schlenke – дел од тимот за развој на Continental вели „Continental се залага за безбедност и во лето и во зима. Победата на тестовите во големите автомобилски клубови го докажува нашето премиум барање и ги почитува напорите на нашиот тим за развој“.
Auto Zeitung тестираше осум модели на зимски пневматици во димензијата 225/45 R 17 за компактни автомобили. Во нивниот тест, експертите ги истакнаа силните перформанси на пневматиците и придружната безбедност при возење на сите тестирани површини. На снег, WinterContact TS 870 ги покажа најкратките растојанија на сопирање, највисокото ниво на држење и во исто време при динамично управување покажаа најдобри резултати. На влажни услови, пневматиците импресионираа со комбинацијата на најголемо поместување на водата во аквапланинг ситуации, кратки растојанија на сопирање и најдобар стисок при брзи свиоци. И на суви патишта, моделот постигна одличен резултат со најкратко растојание на сопирање и многу висока безбедност при возење. Главните причини за успехот на пневматиците се гумените соединенија, подструктурата и страничниот ѕид.
Експертите во Continental го редизајнираа целосно моделот WinterContact TS 870. За таа цел, развиен е нов дизајн на шарите, конструкцијата и соединението. Како резултат на тоа, WinterContact TS 870 нуди три проценти пократки растојанија на сопирање на мраз и пет проценти подобро управување на снег во споредба со неговиот претходник. Во исто време, километражата е зголемена за десет проценти и подобрено е држењето на снег.
Пневматиците на Continental може да ги најдете во продажната мрежа на Мотоцентар – повеќе информации ТУКА.



