Flagship моделот на Volvo, лимузината S90 неодамна доби едно суптилно освежување кое се состои од мали промени на надворешниот изглед и додаток на 48 волтни mild-hybrid погони. Благодарение на ова емисиите на Co2, како и потрошувачката се намалени за 15%. Mild-hybrid погонот на Volvo поседува можност за повраток на електричната енергија во батериите при активирање на сопирачките.
Промените на надворешноста може да се забележат во предниот браник, каде што се додадени нови светла за магла и нова хромирана линија (во зависност од нивото на опрема). На задниот дел, најзначајна промена се новите Full LED задни светла кои имаат нова графика, а редизајниран е и браникот. Целото затегнување на надворешноста е надополнето со нова палета на бои и бандажи. Конкретниот модел на фотографиите е во највисокото Ultimate ниво на опременост со Bright пакет кој додава голем број на хромирани елементи околу целиот автомобил.
Во внатрешноста, фејслифт моделот нема никакви драстични промени во дизајнот. Освежениот S90 сега е достапен со high-end седиштата од волна кои веќе ги има во ХС90, но достапна е и „веган“ опција со еко-кожа. Патниците на задните седишта ќе можат да ги користат двете USB-C приклучоци за полнење на своите смартфони наместо досегашниот 12-волтен приклучок. Wireless полнење за мобилен телефон е исто новитет во внатрешноста на фејслифт верзијата. Освен Harman Kardon аудио системот со кој е опремен и конректниот модел, Volvo нуди премиум Bowers & Wilkins аудио систем со најнова noise cancelation технологија.
За оние кои живеат во подрачја со поголема загаденост на воздухот (тука негде сме и ние), Volvo нуди Advanced Air Cleaner climate control – овој систем може да препознае штетни аеро честички во внатрешноста на автомобилот и да ги исфилтрира за неколку минути.
Сите мотори кои се достапни кај S90 се со најнова технологија со што бензинските мотори Т4, Т5 и Т6 се преименувани во В4, В5 и В6. Сите овие верзии користат 2.0-литарски турбо-бензинец и испорачуваат 197, 250 и 300 коњски сили, соодветно. Најмоќната верзија стандардно е опремена со погон на сите четири тркала, додека другите верзии се со погон на предните тркала.
Освен бензинците и дизел моторите се опремени со истата mild-hybrid технологија и ги носат истите ознаки В4 и В5, како и бензинците, а претходно дизел мотори беа со D ознаки – да, малку е збунувачки. Исто и тука, достапен е само 2.0-литарски мотор со 190 и 235 коњски сили, помоќниот е стандардно опремен со погон на сите четири тркала. Додека на врвот на понудата се наоѓа Recharge Plug-in Hybrid верзијата која испорачува вкупно 310 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 4.7 секунди, додека благодарение на батеријата од 18.8 kWh, само на струја може да помине до 89 километри.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Volvo.

























