Новата Аlfa Romeo Giulia Estrema e специјална серија која го отелотворува највисокиот израз во однос на техничко-динамичните решенија, стилот и спортскиот дух. Совршена комбинација на техничка префинетост и уживање во возењето, Alfa Romeo Giulia Estrema се поставува на врвот на гамата и е најблиска до спортската верзија Quadrifoglio.
Оваа верзија на Giulia е наменета за Алфисти кои се „разбираат од возење“, кои постојано бараат вистинска симбиоза со автомобилот. Обожаватели кои помалку се посветени на естетската мускулатура, а повеќе внимаваат на оние технички решенија кои можат да дадат одлична рамнотежа и динамика на возење. Всушност, активната адаптивна суспензија е стандардна и благодарение на способноста да се прилагоди во реално време на условите на патот заедно со стилот на возење, придонесуваат за исклучителна удобност при возењето без воопшто да го намалат спортското управување и уживањето во возењето.
Набљудувајќи ја однадвор Alfa Romeo Giulia Estrema, спортската страна станува уште попријатна, благодарение на широката употреба на карбонски елементи. На надворешниот дел, карбон детали се употребени на ретровизорите и на предниот триаголник на маската. Црните детали се исто така специфични за оваа верзија – ознака „Estrema“ поставена на предните крила, алуминиумски 19-инчни тркала и шепи на кочниците во црна боја. Истата силна спортска конотација е пренесена и внатре, каде што централната конзола, елементи на вратите и контролната табла се во карбон, а се истакнуваат и спортските седишта во алкантара со црвени шевовои, уникатен материјал кој ги комбинира естетиката и функционалноста. Црвените контрастни шевови во комбинација со кожни инсерти додаваат на спортскиот изглед и ексклузивитет на инструмент-таблата, седиштата, воланот и менувачот. Сето ова е комплетирано со премиум Harman Kardon аудио систем опремен со 14 звучници.
Под хаубата на оваа верзија е поставен 2.0-литарски турбо-бензинец кој испорачува 280 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Во конкретниот случај силата се пренесува на сите четири тркала преку Q4 системот, а мотор е впарен со 8-степен автоматски менувач. Сето ова овозможува забрзување до 100 км/ч за 5.2 секунди и максимална брзина од 240 км/ч.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА



























