Новиот Mercedes-AMG SL 63 пристигна во салонот на Мак АутоСтар

Најновата генерација на легендарниот SL модел на Mercedes пристигна во салонот на Мак АутоСтар во Скопје!

Најважната новост е тоа што овој модел сега е достапен само во AMG верзија, а не и во стандардни Mercedes-Benz верзии како претходните генерации. Па затоа, AMG разви целосно нова платформа за SL наречена Modular Sports Architecture (MSA). Клучот за оваа нова MSA платформа е лесната алуминиумска рамка на која се наоѓа каросеријата на новиот SL. Материјална мешавина од алуминиум, челик, магнезиум и композити од јаглеродни влакна е искористена за да се постигне цврстина што ја надминува онаа на AMG GT во некои параметри, но суштински значи дека структурата на каросеријата на новиот SL има 18 отсто зголемена торзиона ригидност во однос на стариот модел.

Новиот SL е 2+2 Roadster со покрив од ткаенина – мекиот покрив е повторно воведен за понизок центар на гравитација и за намалување на тежината од 21 килограми преку еквивалентен преклоплив тврд покрив. Од Mercedes велат дека се потребни 15 секунди за покривот да се отвори или затвори, процес кој се активира преку панел на централната конзола или преку менито на инфозабавниот систем.

Надворешниот дизајн не носи никаков дел или детал од кој било друг модел на Mercedes, но е клучен со актуелниот дизајнерски јазик на марката. Предниот дел користи решетка во Panamerica стил со вертикални линии, а различни се и триаголните фарови. Патничкиот простор е повеќе во средината на автомобилот, за да се создаде простор за двете мали задни седишта. Косиот заден дел има добро дефинирани крила над задната оска, а тука е и поголемата врата за багажникот со интегриран спојлер, како и класични четири отвори за издувот и големи триаголни LED задни светла. Инаку, новиот Mercedes-AMG SL е уште еден модел на Mercedes кој е дизајниран од македонскиот дизајнер Славче Таневски!

Новиот AMG-SL е достапен во три различни верзии – основниот модел со име SL 43 користи 2.0-литарски MHEV турбо-бензинец кој испорачува 381 коњски сили и 480 Nm вртежен момент, додека забрзувањето до 100 км/ч трае 4.9 секунди. Следниот модел во понудата е SL 55 кој користи 4.0-литарски V8 твин-турбо бензинец кој испорачува 476 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, забрзувањето до 100 км/ч тука трае 3.9 секунди. На врвот на понудата е SL 63 и токму оваа верзија пристигна во салонот на Mercedes, тука се наоѓа истиот 4.0-литарски V8 твин-турбо бензинец, но во оваа верзија испорачува 585 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, а забрзувањето до 100 км/ч е намалена на 3.6 секунди и максималната брзина изнесува 315 км/ч.

За прв пат во историјата на моделот, SL добива погон на сите тркала (освен основната 43 верзија која е со заден погон), со целосно променлив 4MATIC систем кој може да го распредели вртежниот момент помеѓу предната и задната оска. Конкретно SL 63 верзијата доаѓа опремена со AMG Active Ride Control, која вклучува хидраулична anti-roll стабилизација заедно со прилагодливиот систем за амортизерите. Исто така, стандардно добива и заден limited-slip диференцијал.

Внатрешноста на новиот SL ја комбинира најновата инфозабавна технологија на брендот која се наоѓа и кај луксузната S-класа, но тука е со поспортски и потрадиционален дизајн на контролната табла, Mercedes ова го нарекува „hyperanalogue“. Автомобилот е 2+2 за прв пат од R129 генерацијата на SL, односно од 1990-тите и според сопственото признание на марката, задните седишта се погодни само за луѓе пониски 150 cm.

Долгата централна конзола „тече“ нагоре во контролната табла и ова е местото каде што се наоѓа 11.9-инчен MBUX инфозабавен систем во портрет стил. Системот добива AMG визуелизации и графики на менито и интерфејсот. Аголот под кој седи екранот може да се смени за да одговара на условите на осветлување. Пред возачот се наоѓа мултифункциоанален спортски волан со команди на допир, а позади него се наоѓа дигитална табла со инструменти од 12.3-инчи. Електрично прилагодливи AMG спортски седишта се добиваат стандардно, со посебни системи за греење, плус Mercedes Airscarf системот . Како опција се достапни и поспортски AMG Performance седишта.

Конкретниот модел е во MANUFAKTUR Alpine Grey боја, со Nappa leather Red pepper/black внатрешност, AMG Night пакет, 21-инчни бандажи во црна боја со жолти шепи на кочниците и изгледа феноменално добро!