Polestar 2 „BST edition 270“ е специјална лимитирана изведба со 476 коњски сили

Polestar ја проширува својата понуда на модели заснована на тјунинг Polestar Engineered дивизијата со воведување на Polestar 2 BST edition 270. Новата верзија користи децениско искуство во тјунинг за да го испорача најдинамичниот електричен автомобил на Polestar досега. Како што се подразбира од името, ќе бидат произведени само 270 примероци, исклучиво за Европа, Северна Америка и Кина.

„Имавме одлична реакција на специјално модифицираниот Polestar 2 што го прикажавме на Goodwood – Фестивалот на брзината во 2021 година и тоа јасно покажа – треба да создадеме таква верзија за сериско производство“, вели Thomas Ingenlath, извршен директор на Polestar.

Серискиот автомобил вклучува механички модификации заедно со клучни подобрувања во дизајнот за да се издигне над стандардните Polestar 2 модели. Резултатот е автомобил кој обезбедува супериорно динамично искуство зад воланот. Двата електрични мотори и батеријата од 78 kWh се подобрени за да се добие максимална моќност од 476 коњски сили и 680 Nm вртежен момент, заедно со зголемена одзивност за да се усогласи со поспортската динамика.

Модификациите на шасијата вклучуваат спуштена висина на возилото (-25 мм), специјално развиени и уникатни Öhlins прилагодливи 2-насочни амортизери со помошни комори за прилагодување поставени под хаубата, преден strut бар, 20% поцврсти пружини и уникатни нови црни алуминиумски тркала од 21 инчи кои се инспирирани од оние на Polestar 1. Гумите Pirelli P Zero со димензии 245/35R21 се развиени специјално за овој автомобил. Додека стандардните Brembo сопирачки со 4 клипови остануваат исти.

Специјалниот лимитиран модел е достапен во Thunder или Snow боја за каросеријата со Charcoal WeaveTech внатрешност. Каросеријата се одликува со посуштински израз благодарение на целосно обоените браници и странични прагови во боја на каросеријата. Достапна е мат црна лента за каросеријата како опција, како и „Battleship Gray satin“ wrap за целиот автомобил. Деталите во „Swedish gold“ остануваат и може да се видат на шепите од сопирачките, на амортизерите, капачињата на вентилите и безбедносните појаси.