Jaguar го претстави новиот лимитиран F-Pace SVR Edition 1988

Ексклузивниот F-Pace SVR Edition 1988 е првата лимитирана верзија на врвниот теренец со високи перформанси на Jaguar, создаден од експертите за персонализација во SV Bespoke. Од оваа верзија ќе бидат достапни само 394 примероци.

Емотивната спецификација, инспирирана од богатото тркачко наследство на Jaguar, вклучува специјално формулирана боја „Midnight Amethyst Gloss“, 22-инчни forged алуминиумски бандажи во „Champagne Gold Satin“ боја, како и надворешни и внатрешни детали во „Sunset Gold Satin“ боја.

Името Edition 1988 и вкупниот број на примероци што ќе ги произведува Special Vehicle Operations дивизијата на Jaguar, му оддава почит на бројот на кругови поминати од победничкиот XJR-9 LM на 24 часа Ле Ман во 1988 година. Бојата Midnight Amethyst Gloss е нова боја која ќе им биде понудена само на клиентите на Jaguar F-PACE SVR Edition 1988. Дополнително на Black Pack компонентите што се вградени стандардно на F-Pace SVR Edition 1988, Gloss Black финишот се проширува на ретровизорите, шепите на сопирачките, централните капачиња на тркалата и буквата R на ознаката SVR.

Дополнително подобрување на рафинираната и луксузна внатрешност на F-Pace SVR вклучува завршни материјали со open-pore carbon fibre елементи. Edition 1988 верзијата има Ebony кожен тапацир и ексклузивни Sunset Gold Satin детали низ контролната табла, краците на воланот, лопатките за менување брзини и предни Performance седишта со греење и ладење.

Инфозабавниот систем Pivi Pro сега вклучува и what3words, што значи дека дестинациите за навигација може да се постават со помош на уникатни низи од три збора што одговараат на прецизни локации од 3 метри квадратни. Само напишете ги зборовите „wins.report.miracle“, на пример, за да пристигнете на главниот влез на Circuit des 24 Heures du Mans.

F-Pace SVR е SUV со врвни перформанси – придвижуван е од 5.0-литарски V8 бензински мотор кој испорачува 550 коњски сили. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува 4 секунди и достигнува максимална брзина од 286 км/ч. Сеопфатниот пакет на технички подобрувања развиен и конструиран од експертите во Special Vehicle Operations дивизијата гарантира дека F-Pace SVR обезбедува возачко искуство фокусирано на перформанси без да влијае на секојдневната употребливост.