Land Rover го претстави новиот Defender 130

Покрај веќе постоечките модели Defender 90 и Defender 110, Land Rover ја претстави и новата најголема изведба Defender 130 која додава друга димензија на целокупното семејство на Defender. Всушност, тука се достапни три реда на седишта кој може да сместат вкупно осум возрасни лица.

Како и Defender 90 и 110, новата 130 верзија го позајмува своето име од оригиналното Defender семејство, инспириран од најдолгиот модел во понудата. Ова им овозможува на клиентите без напор да превезуваат до осум луѓе низ каков било терен и е врвна демонстрација на талентите на Defender.

Иконската силуета на Defender е елегантно проширена за 340 милиметри одзади за да обезбеди подобрен внатрешен простор низ сите три реда седишта, без да се загрозат неговите способности за сите видови на терени. Defender 130 се одликува со продолжен заден дел што обезбедува уште поголем внатрешен простор во третиот ред на седишта, како и багажниот простор. Елегантниот профил е зајакнат со целосно новата Sedona Red надворешна боја, ексклузивна за Defender 130 која додава уште поголема длабочина и софистицираност на дизајнот. Сите модели се стандардно опремени со панорамски сончев покрив, со уште еден посебен втор панорамски покрив над третиот ред седишта. За да го задржат препознатливиот дизајн на задниот дел на Defender, инженерите на Land Rover создадоа суптилно подигање на задницата, обезбедувајќи агол на поаѓање од 28,5 степени. Опкружувањето за задните LED светлосни единици е реконструирано за да се одржат трите различни линии што го дефинираат страничниот профил на Defender.

За Defender 130, Land Rover воведува дополнителни опции за бои и материјали во внатрешноста. Генерално, кабината е идентична како и во другите верзии на Defender, односно, пред возачот се наоѓа дигитална инструмент табла, додека на централната конзола сега е поставен новиот 11.4-инчен екран кој го користи најновиот Pivi Pro систем. Возачите можат да го персонализираат распоредот на „Home“ приказот за да одговара на нивните преференции и најчесто користените функции. Интелигентниот систем е способен да учи навики и соодветно да се приспособи, како што е на пример предлагање насоки за навигација на почетокот на препознаеното патување, додека исто така го намалува бројот на аудио инструкции преку Smart Voice Guidance системот.

Елегантно продолжениот заден дел создава бескомпромисно сместување во третиот ред седишта, со доволна ширина за да обезбеди удобно седење за тројца возрасни луѓе. Влегувањето во третиот ред е лесно, бидејќи седиштата во вториот ред се лизгаат и се преклопуваат нанапред за да се обезбеди широк пристап. Од задната врата, клиентите можат едноставно да ја спуштат електронската воздушна суспензија на Defender со копчиња кои се поставени внатре во багажниот простор за да помогнат при товарењето на предметите во задниот дел.

Defender 130 обезбедува просторен и практичен багажен простор, максимално се достапни до 3893 литри багажен капацитет дури и со поставен трет ред на седишта. Кога седиштата не се користат, тие се складираат за да создадат голем простор за товарење, давајќи им на клиентите врвен избор за конфигурирање на внатрешниот простор кој најдобро одговара на нивните потреби. Тие се поделени во конфигурација 40:20:40 за дополнителна едноставност.

Новиот Defender 130 е достапен со моќен и ефикасен избор на електрифицирани погонски единици, вклучувајќи ги mild-hybrid бензинците P300 и P400 Ingenium, како и дизелите D250 и D300 Ingenium. Технологијата за mild-hybird системот (MHEV) ги поткрепува шестцилиндричните погонски единици на Land Rover, обезбедувајќи беспрекорни перформанси, како и подобрена економичност. Користи 48V интегриран стартер генератор (BiSG) кој ја собира енергијата што вообичаено се губи при сопирање и забавување, а потоа ја складира и користи во текот на патувањето, дополнително, Start/Stop системот го прави побрз и поефикасен.

Кај бензинеците достапен е 3.0-литарски мотор со 300 коњски сили (P300) и со 400 коњски сили (P400). Дизелите, исто така користат 3.0-литарски мотор со 250 коњски сили (D250) и со 300 коњски сили (D300).

Секој Defender 130 е стандардно опремен со интелигентен систем за погон на сите тркала (iAWD) на Land Rover и осумстепен ZF автоматски менувач. Технологијата iAWD ефикасно и ефективно управува со погонската група и распределбата на моќноста помеѓу предната и задната оска, оптимизирајќи ја ефикасноста на патот и способноста за сите терени по потреба.

Дополнително, секој Defender 130 е опремен со електронска воздушна суспензија со адаптивна динамика и напреден Terrain Response систем. Комбинацијата на напредни системи обезбедува удобно и лесно возење преку секакви површини. Системот за електронска воздушна суспензија овозможува артикулација до 430 мм, со дополнително подигање од 71,5 мм напред (73,5 мм назад) во off-road режим за да може да се поминат сите пречки на патот. Defender 130 може да вози во вода со максимална длабочина од 900 мм.

Основите за сеопфатната способност на Defender за секаков вид на терени се потпираат на алуминиумската интензивна монокок D7x платформа на Land Rover. Со торзиона ригидност од 25 kNm/степен, Defender е трипати поригиден од традиционалните дизајни на каросеријата и ја содржи основата за целосно независна воздушна суспензија, twin-speed transfer box и интелигентен систем за погон на сите четири тркала. Defender 130 исто така, обезбедува капацитет на влечење до 3.000 килограми, додека прицврстувањето е олеснето со помош на електронската воздушна суспензија.