Премиера на новиот Range Rover Sport

Новиот Range Rover Sport го редефинира спортскиот луксуз, ефикасно ги комбинира агресивните и инстинктивни друмски перформанси со препознатливата префинетост на Range Rover, прогресивниот софистициран дизајн и поврзаната погодност. Третата генерација на овој модел е најпосакуваната, најнапредната и динамички најспособната досега.

Во палетата на моќни и ефикасни погонски системи се шестцилиндрични мотори со технологијата електричен хибрид коишто имаат продолжена автономија, нов моќен V8 мотор и шестцилиндрични Ingenium бензински и дизел мотори со технологијата делумен хибрид. Целосно електричниот погон ќе се воведе во 2024 година, додека Land Rover продолжува по својот пат кон електрификацијата. Новиот Range Rover Sport е достапен во спецификациите S, SE, HSE и Autobiography, а First Edition ќе биде достапен во текот на првата година од производство со внимателно составена спецификација

Софистицираната надворешност е несомнено Range Rover Sport со затегната површина, динамичен став и веднаш препознатлив профил, совршено нагласена со таинствени детали и мускулести пропорции – оставајќи впечаток дека возилото е смирено и подготвено. Неверојатните пропорции го нагласуваат уникатниот карактер на Range Rover Sport, со кратки препусти, агресивен преден дел и стрмно закосено застаклување напред и назад. Овие препознатливи елементи му дават силна и впечатлива појава на патот којашто отсликува моќност и перформанси. Извајаната надворешност се карактеризира со прекрасни детали како што е таинствената предна украсна маска и светлосната група на дигиталните ЛЕД фарови со уникатно препознатливо светло за дневно возење (DRL). Овие фарови со привлечен дизајн, најтенките што досега се вградени во Land Rover се поставени над елегантниот одбојник со двоен отвор во долниот дел. Овде се вметнати разделени хоризонтални елементи во боја на каросеријата со што се добива визуелен ефект за поголема ширина, унапреден со деталите во црна боја. Совршените дизајнерски елементи продолжуваат и на задниот дел, со извајана крајна врата по целата ширина со натписот Range Rover. Со непрекинатата графика на ЛЕД светлата за првпат се воведува технологија на ЛЕД површина во возило од сериско производство. Ова решение нуди јасен и современ изглед во ноќни услови што обезбедува впечатливост и доследност кога се гледа од кој било агол.

Редуктивниот дизајн на новиот Range Rover Sport продолжува и во неговата целосно нова внатрешност. Тука е Командната позиција за возење, карактеристичен белег за Range Rover, најновите технологии и првокласните материјали, коишто се комбинираат за восхитувачка рамнотежа помеѓу прецизната елеганција и инстинктивната страст. Кабината во стил на кокпит ја поставува атмосферата за динамичко доживување при возењето, нуди одлична видливост, а во исто време обезбедува и врвен комфор за возачот со закосената централна конзола и интуитивните технологии. Во понудата со иновативни и одржливи материјали се вклучени оригиналните и лесни првокласни текстилни материјали на Ultrafabrics™ во атрактивни нови комбинации од две бои. Достапна е и уникатната опција со текстил што се шири до инструмент таблата и деталите на вратите. Како алтернативни материјали се зрнестата кожа, кожата Windsor или меката полуанилинска кожа.
Овие оригинални материјали се во беспрекорна хармонија со новите хромирани завршни елементи во внатрешноста во стилот Moonlight. Одредени елементи како интегрираните звучници на аудио системот, развиени во соработка со Meridian, се скриени зад текстилот на задните врати и придонесуваат за јасната, жива и современа естетика.

Новиот Range Rover Sport внесува најмногу напредни технологии за шасијата досега и обезбедува сеопфатна гарнитура на алатки за динамиката за да се добие најпријатното и најдинамичното доживување во возењето. Природната крутост и јакост на флексибилната платформа (MLA-Flex) – што обезбедува до 35% поголема торзиона крутост од претходниот Range Rover Sport – ги поставува темелите за оваа технологија. Оваа платформа работи во хармонија со гарнитура од системи што се под контрола на системот Интегрирана контрола на шасијата – сите посебно дотерани за новиот Range Rover Sport.

Динамичкото воздушно потпирање се вградува во секој нов Range Rover Sport и интелигентниот систем го унапредува капацитетот на потпирањето. Системот работи преку менување на притисокот во коморите (поголем притисок обезбедува покруто амортизирање) за да се добие традиционалниот комфор на Range Rover со динамичка управливост што се очекува од Range Rover Sport. Возилото го чита патот пред себе преку податоците за навигација од технологијата eHorizon за да може да ја оптимизира брзината на реакција и да го подготви потпирањето за претстојните кривини.

Богата палета на електрифицирани погонски системи ги нуди вообичаените перформанси на Range Rover Sport. Во палетата спаѓаат два погонски системи со технологијата електричен хибрид што имаат продолжена автономија, шестцилиндрични Ingenium бензински и дизел мотори со технологијата делумен хибрид и целосно новиот V8 мотор со двоен турбо полнач. Во 2024 година, серијата модели на новиот Range Rover Sport ќе се збогати со целосно електричен модел.

Новиот мотор P510e со технологијата електричен хибрид е проектиран да ги исполни барањата на возачите за погон со високи перформанси, импресивна ефикасност и над 100 km нулта емисија на издувни гасови во режимот EV (режим за електрично возење). Оваа технологија беспрекорно ги соединува 3.0-литарскиот шестцилиндричен Ingenium бензински мотор на Land Rover, електромоторот со моќност од 105 kW и батеријата со капацитет од 38,2 kWh и на тој начин вкупната моќност што ја развива системот е 510 коњски сили.

Возилото е способно да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,4 секунди, во режимот за електрично возило може да постигне автономија до 113 km и очекувана автономија во реални услови за возење од 88 km – доволно за повеќето сопственици да поминат 75 проценти од своите патувања со погон на струја6 – и со емисија на CO2 од само 18 g/km.1 За подолги патувања, погонскиот систем со плаг-ин хибрид технологија нуди комбинирана автономија од 740 km (460 миљи) со бензински погон и погон на струја. Достапен е и погонскиот систем P440e со технологијата електричен хибрид. Овој погонски систем развива вкупна моќност од 440PS и ја има истата автономија во режим за електрично возило и ниската емисија на CO2. Исто така, нуди и беспрекорно забрзување и префинетост, од 0 до 100 km/h за само 5,8 секунди (0-60 mph за 5,5 секунди).

Од друга страна, новиот знаменосец, V8 моторот со двоен турбо полнач развива моќност од 530 коњски сили и го открива највозбудливиот карактер на Range Rover Sport, постигнува забрзување од 0 до 100 km/h за само 4,5 секунди кога е активирана функцијата Launch Control и внесува дополнително ниво на инстинктивна возбуда во серијата модели.
Во богатата понуда на погонски системи спаѓаат и P360 и P400 со технологијата делумен хибрид со редни шестцилиндрични Ingenium бензински мотори и шестцилиндричните дизел мотори D250, D300 и D350 со технологијата делумен хибрид.

Новиот Range Rover Sport е верзијата на луксузен SUV со високи перформанси на Land Rover со најдинамична способност досега и најподобното возило надвор од асфалтираните патишта. Системот Интелигентен погон на сите тркала (iAWD) се интегрира со најновите иновации и технологии за движење по секаков терен за да го гарантира своето пространство од динамички можности.