Новата Škoda Fabia пристигна во Македонија

Дваесет и две години по првото деби на Škoda Fabia, импортерот за чешкиот бренд Порше Македонија официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Основано на модуларната платформа MQB-A0 на Volkswagen групацијата, новата Fabia е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните бренд карактеристики на Škoda, како одличната вредност за пари, високото ниво на функционалност и бројните Simply Clever решенија, ја прават новата Fabia вистинска Škoda.

„Fabia е составен дел од нашето портфолио повеќе од 20 години и ги отелотворува основните вредности на нашиот бренд како никој друг модел. Најновата генерација има сè што е потребно за беспрекорно да се надоврзе на успехот на своите претходници. Нуди повеќе простор од неговите конкуренти, совршена поврзаност, напредни системи за безбедност и емотивен дизајн – со други зборови, се што ви треба, и малку повеќе“. – изјави бренд менаџерот на Škoda г-дин Миле Станчев.

За прв пат, Škoda Fabia се базира на модуларната платформа MQB-A0 од групацијата Volkswagen, што овозможи да се направи ентериерот уште поголем. Сега надминувајќи ја границата од четири метри, на 4.108 mm, новата Fabia е значително подолга од претходникот. Багажникот кој со 330 литри веќе беше најголем во сегментот – доби дополнителни 50 литри до капацитет од 380 литри. Со преклопување на задните седишта, капацитетот на багажникот може да се зголеми на 1,190 литри. Бидејќи се заснова на MQB A0, новата Fabia сега може да се пофали и со многу системи за помош кои претходно беа резервирани за возила од повисоко ниво. Во комбинација со уште поцврстото тело, малиот автомобил нуди одлична активна и пасивна безбедност.

Новиот емотивен дизајн и самоуверените пропорции ја прават новата Fabia многу привлечна. Предните светла со остри линии, како и задните светла со модерна LED технологија и кристални структури, го истакнуваат динамичниот изглед. Редизајнираниот ентериер се одликува со симетрична табла со централен дисплеј, опционална група на дигитални инструменти и хоризонтални украсни ленти. Во Македонија достапни ќе бидат нивоата на опременост Active, Ambition и Style во комбинација со два бензински мотори од сегашната генерација EVO на групацијата Volkswagen кои испорачуваат моќност во опсег од 48 kW (65 КС) до 59 kW (80 КС). Со коефициент на воздушен отпор (cd) 0,28, Fabia е најаеродинамичен автомобил во својот сегмент, што – заедно со опционален резервоар за гориво од 50 литри – овозможува опсег од повеќе од 900 км според циклусот WLTP.

Внатрешноста на Fabia воспоставува совршена рамнотежа помеѓу емотивноста и ергономијата. Визуелно, се карактеризира со централен инфозабавен систем до 9,2 инчи. Покрај најсовремените системи за инфозабава, кај Fabia за прв пат може да се вгради и 10,25-инчна дигитална инструмент табла. Карактеристиките за комфор, кои вообичаено се наоѓаат во возилата од повисоко ниво, како што се греење на ветробранско стакло и греење на волан, се дополнителни опции што го имаат своето деби кај Fabia. Останати детали во внатрешноста кои претставуваат новост кај Fabia е амбиенталното осветлување и за прв пат, двозонска автоматска клима.

Škoda ја опреми новата Fabia со инфозабавни системи кои имаат екрани до 9,2 инчи. Малиот автомобил добива пристап до интернет благодарение на вградениот eSIM, што во исто време овозможува пристап до интернет радио. Паметните телефони можат да се поврзат со автомобилот преку безжична SmartLink конекција без потреба од кабел и индуктивно да се полнат во Phone Box. Amundsen, врвниот систем за инфозабава може да се управува со контрола на гестови и со помош на дигиталниот асистент Laura.

Во моментот во понудата на достапни се два бензински агрегати во четвртата генерација на ŠKODA FABIA. Најновите EVO мотори на групацијата Volkswagen кои се достапни во FABIA, се во согласност со строгиот стандард за емисии Euro 6 AP. Излезната моќност се движи од 48 kW (65 КС) до 59 kW (80 КС).

Со комплетно нови функционални карактеристики, чешкиот производител на автомобили ја продолжува својата традиција да нуди Simply Clever решенија во четвртата генерација на Fabia. Во зависност од спецификацијата, новата Škoda Fabia нуди вкупно до 43 практични детали што го прават возилото полесно за употреба во секојдневниот живот – тоа е повеќе од кога било досега. Опсегот се протега од класиците на Škoda, како што се стругалка за мраз во капакот за полнење гориво со мерач за длабочина на шарата на гумата, држач за билети за паркинг на A столбот и чадор во вратата на возачот, до нови паметни детали што го прават ентериерот и багажникот многу поуреден со многу малку напор.

Новата Fabia е достапна во сите овластени продажно-сервисни центри на ŠKODA во
Македонија, со почетна цена од 14.500 евра.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА