Дојде крајот на уште еден циклус за Избор на Најпосакуван Автомобил во Македонија – Златно Тркало! Ова се победниците по категории, кои ги избравте сите Вие, нашите читатели кои го дадовте вашиот глас.
Оваа година имаше вкупно 14 финалисти поделени во пет различни категории, односно најпосакуван градски, семеен, електрифициран, премиум и главна награда – најпосакуван автомобил во Македонија. Направени беа вкупно 12.216 гласови, а победниците по категории се следните:
Најпосакуван Градски Автомобил за 2022 е новиот Peugeot 308 со освоени 37.70% од гласовите!
Најпосакуван Семеен Автомобил за 2022 е новиот Kia Sportage со освоени 39.11% од гласовите!
Најпосакуван Електрифициран Автомобил за 2022 е Volkswagen ID.4 со освоени 32.90% од гласовите!
Најпосакуван Премиум Автомобил за 2022 е Porsche Taycan Cross Turismo со освоени 43.45% од гласовите!
Главната награда – Најпосакуван Автомобил за 2022 ја освои електричниот Volkswagen ID.4!
Честитки до победниците и огромна благодарност до сите фанови и читатели кои го дадоа својот глас, а со тоа одлучија кои се Најпосакуваните Автомобили во Македонија за 2022 година!





