Освежената верзија на популарната Ford Fiesta пристигна на македонскиот пазар.
Дизајнот на освежената Fiesta го прикажува новото лице на Ford, кое ќе се појавува и на другите модели на брендот. Решетката е поголема и поаголна од порано, а сината овална значка на Ford сега е сместена во неа, наместо над неа. Исто така, хаубата е преработена, а носот на автомобилот е подигнат, додека новите LED фарови даваат поагресивен изглед. Задниот дел на Fiesta останува непроменет, а има седум нови дизајни на алуминиумски бандажи. Задните светла сега се затемнети, а има нов контрастен мат и сјајно црн финиш на дифузерот. Исто така, додадени се две нови бои во палетата – Boundless Blue и Beautiful Berry.
Настрана од ова, новата Fiesta ја задржува истата архитектура на кабината како порано, но со нова инфозабавна и безбедносна технологија. Најважниот додаток е 12.3-инчната дигитална табла со инструменти, која може да се конфигурира и има променлива графика која одговара на режимот на возење на автомобилот. Што се однесува до инфозабавниот систем, тој останува непроменет. Го користи истиот 8-инчен екран осетлив на допир како и досега, а има Apple CarPlay, Android Auto и задна паркинг камера од 180 степени. Дополнителни опции вклучуваат безжично полнење на паметни телефони и B&O аудио систем од 575W.
Исто така, меѓу ажурирањата е и „Wrong Way Alert“ системот, кој користи камера поставена на шофершајбната во врска со системот за навигација на автомобилот за да го предупреди возачот ако вози од спротивната страна на сообраќајот. Matrix LED фарови сега се достапни како опција, кои ги блокираат поединечните светлосни зраци за да избегнат заслепување на автомобилите што доаѓаат кога е вклучено долгото светло. Предните светла, исто така, се прилагодуваат на специфичните сценарија за возење – шемата на зраците автоматски се прилагодува за да обезбеди појасна визија при лоши временски услови и маневри со мала брзина.
На нашиот пазар, Fiesta е достапна во три нивоа на опременост – Connected, Titanium и Active. Погонските единици се состојат само од трицилиндарски бензински мотори. Понудата започнува со 1.1-литарски атмосферски мотор со 75 коњски сили кој е впарен со 5-степен мануелен менувач, следен е 1.0-литарскиот EcoBoost со 100 коњски сили и 6-степен мануелен менувач, а на врвот на понудата се наоѓа 1.0-литарски EcoBoost во Mild-Hybrid варијанта кој испорачува 125 коњски сили и е впарен со 7-степен DCT автоматски менувач.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс.



















