Jeep додаде нови хибридни верзии за моделите Renegade и Compass кои ја носат ознаката e-Hybrid – додавајќи конвенционален хибриден систем. Двата модели досега беа понудени со plug-in хибриден систем како единствени достапни електрифицирани погонски единици. Новите модели e-Hybrid го отстрануваат Plug-in аспектот со поставување на помала батерија која се полни со регенерација од сопирање, имаат помалку моќен електричен мотор и турбо бензински мотор.
И двата модели користат 1,5-литарски четирицилиндричен турбо бензинец кој испорачува 130 коњски сили и 240 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на предните тркала преку седум-степен автоматски менувач. За хибридната страна на работите се грижи мала батерија и електричен мотор со 20 коњски сили кои исто така ги придвижува предните тркала и работи на електричен систем од 48 волти.
Jeep сеуште нема објавено никакви податоци за економичноста на овој погон, но тврди дека системот испорачува до 15 проценти помала потрошувачка на гориво и емисии од претходните верзии со чист бензински мотор. Во зависност од спецификациите, Renegade e-Hybrid испушта CO2 од 130-139 g/km, а поголемиот Compass помеѓу 133-140 g/km.
Новиот хибриден систем нуди многу повеќе од само електрично потпомогнато возење – исто така има целосно возење со исклучување на моторот со внатрешно согорување, користејќи го само електричниот мотор, а сето ова е надополнето со беспрекорно исклучување и вклучување на бензинскиот мотор.
Кога батеријата е доволно полна, двете возила ќе се запалат тивко и ќе може да се тргне со помош на батеријата и системот на електричниот мотор. Батеријата и електричниот мотор стандардно се користат и за старт-стоп возење низ градскиот метеж.
Двата модели – Renegade и Compass ќе бидат достапни со нова специјална „Upland“ верзија создадена за да го нагласи вниманието на брендот Jeep кон животната средина и неговата посветеност на одржливост. Со уникатни естетски детали и употреба на одржливи материјали, како и еколошки бои.
„Upland“ верзијата е веднаш препознатлива по својата нова и ексклузивна „Matter Azur“ боја и се одликува со двобоен црн покрив (исто така со нов, повидлив и поопширен дизајн специфичен за Renegade), сјајни црни 17-инчни бандажи на Renegade и 18-инчни бандажи на Compass, за уште попрепознатлив изглед. Надополнување на уникатниот стил на надворешноста се новите бронзени MetaKrome завршетоци на прстените на предната решетка и на долниот дел од задниот браник, како и посветената налепница на хаубата.
Во внатрешноста, „Upland“ верзијата се одликува со широка употреба на рециклирани материјали, кои го карактеризираат покривот и патосниците со нов, посветен дизајн и ексклузивни SEAQUAL седишта направени од рециклирана пластика отстранета од океанот, како и спортски карактеристични контрастни шевови. Логото на Jeep е поставено и на предните седишта кои содржат и органски винил на горниот дел.









