Porsche претстави уште една фејслифт верзија за 2021 година на својот напродаван модел – Macan, која веќе е достапна за македонските купувачи.
Дизајнерските ревизии се суптилни, иако тоа не е изненадувачки со оглед на тоа што Macan доби освежување и во 2019 година. Сепак, има нов преден браник со ревидирана решетка, како и поагресивен заден дифузер со 3D текстурална површина. Sport Design ретровизорите сега се стандардни за сите модели, како и LED фаровите со Porsche Dynamic Light System, а има и седум нови дизајни на алуминиумски бандажи. Исто така, постојат 14 дополнителни бои за каросеријата, вклучително и „Papaya Metallic“, „Gentian Blue Metallic“ and „Python Green“, како што се наоѓаат и кај другите модели на Porsche.
Внатрешноста, исто така, е усогласена со остатокот од гамата, со нова централна конзола која користи „haptic touch“ површини наместо конвенционални копчиња, додека инфозабавниот систем со екран од 10.9 инчи останува непроменет. Поставена е нова рачка за автоматскиот менувач, како и нов GT спортски управувач кој е позајмен од најновиот 911. Аналогниот часовник на Porsche кој се наоѓа на горниот дел од контролната табла сега доаѓа стандардно, додека контрастните шевови сега се достапни во Gentian Blue, Papaya и Crayon бои.
Најзначајните промени се механички, при што Macan, Macan S и Macan GTS добиваат зголемување на моќноста и ревизии на шасијата. Основниот Macan, добива ново развиен 2.0-литарски турбо-бензинец кој испорачува 265 коњски сили – зголемување од 20 коњски сили во однос на претходникот, а ова му овозможува на автомобилот забрзување од 0 до 100 километри на час за 6.2 секунди и максимална брзина од 232 километри на час.
Macan S e опремен со 2.9-литарски твин-турбо V6 бензински мотор кој развива 380 коњски сили – зголемување од 26 коњски сили во однос на претходникот. Ова го намалува забрзување од 0 до 100 километри на час кое сега трае 4.6 секунди и постигнува максимална брзина од 259 километри на час.
Macan GTS го користи истиот 2.9-литарски твин-турбо V6 мотор, но тука испорачува 440 коњски сили – значајно зголемување од 60 коњски сили во споредба со претходникот. Тука забрзувањето до 100 километри на час трае 4.3 секунди и има максимална брзина од 272 коњски сили. Сите модели на Macan се со погон на сите четири тркала и 7-степен PDK автоматски менувач.
Со ова освежување, Porsche уште повеќе ја усоврши шасијата на Macan. Адаптивните амортизери – стандардни за S и GTS моделите, сега се ревидирани за пореспонзивни и поостри одговори, додека GTS моделот сега вози на стандардна воздушна суспензија. Ова ја намалува висината на автомобилот за 10 милиметри и предниот дел има за 10% поцврсти амортизерите, а пак задниот дел за 15%.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Porsche во Скопје.





















