Во салонот на Мак АутоСтар пристигна новата врвна изведба на S-Class, моделот Maybach S580.
Визуелните промени во однос на стандардната S-Class вклучуваат редизајнирана предна решетка, нов преден браник, нови LED предни светла и заменет заден дел со редизајниран дифузер и двоен издувен систем. Како и моделот во заминување, Maybach S-Class ќе биде исклучиво достапен како „long-wheelbase“ верзија. Сепак и покрај тоа што ги има истите основи како и стандардниот автомобил, тој е цели 18 сантиметри подолг од „стандардната“ Mercedes-Bens S-Class long-wheelbase верзија. Од Maybach велат дека ова им дава дополнителен простор на патниците на задните седишта, бидејќи ова е автомобил во кој главниот акцент е ставен токму на задните седишта.
Maybach очекува дека купувачите на овој автомобил ќе имаат сопствен возач, наместо сами да го возат автомобилот, така што кабината е организирана за да одговара на тие потреби. Во задниот дел, има две електрично прилагодливи седишта наместо задна клупа како во стандардната S-Class. И двете седишта се со масажи, каде што и подот вклучува масажа за стапалата. Исто така, има многу дополнителна опрема за удобност на патниците на задните седишта, како што се прилагодливо амбиентелно LED осветлување, контрола со гестови и два екрани на допир од 11.6 инчи, што им овозможува на патниците да пребаруваат на интернет или да гледаат филмови.
Секако, Maybach не го запостави и возачот. Напред е поставена иста дигитална група на инструменти од 12.3-инчи и инфозабавен систем од 12.8-инчи како и во стандардната S-Class, но тука тие се опкружени со поквалитетен украс и подобри материјали. Новиот Drive Pilot систем на компанијата е еден од првите светски режими за автономно возеење од трето ниво, што ќе може да преземе целосна контрола врз управувањето, гаста и сопирачките на одредени делови од автопатот без било каква интервенција од возачот. Mercedes вели дека системот исто така може целосно независно да реагира на настани како што се промена на ограничувањето на брзината. Возачот постојано се следи со помош на камерите во внатрешноста и ако изгледа како да не реагира навреме на условите на патот или премногу време гледа во задниот дел на возилото, системот контролирано ќе го повлече автомобилот на страна од патот.
Технолошкиот фест на Maybach продолжува со активен систем за компензација на бучавата на патиштата, кој работи во тандем со премиум стерео Burmester системот на автомобилот. Тоа е слично на технологијата која се користи за поништување на бучава во слушалки од висока класа, а поставени се микрофони во кабината што собираат ниска фреквенција во позадина и ја хранат контрафазната верзија на звучните бранови преку звучниците во автомобилот.
Како дополнителен избор, купувачите можат да специфицираат и Mercedes MBUX interior assist – ова е систем кој користи неколку камери поставени на покривот за да ги препознае движењата на очите на патниците, гестовите со рацете и говорот на телото за изведување на одредени функции. На пример, ако патникот на задното седиште посегне по сигурносниот појас, системот ќе го препознае движењето и автоматски ќе го испружи ременот во неговите раце.
Конкретниот примерок е послабата верзија на Maybach S-Class, односно S580. Овој модел користи 4.0-литарски V8 турбо-бензински мотор кој е поврзан со 48-волтен стартер-генератор. Вкупната моќност изнесува 503 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. силата се пренесува на сите четири тркала преку 9-степен автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 100 километри на час трае 4.8 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.
Уживајте во фотографиите!
































