Во салонот на Toyota пристигна Corolla во спортската GR Sport изведба

Во салонот на Toyota во Скопје пристигнаа неколку примероци од спортската изведба на Corolla хечбек.

Оваа изведба која е инспирирана од Toyota GAZOO Racing, добива низа модификации на надворешноста и внатрешноста. Однадвор, автомобилот добива нови поспортски браници, напред добива и нова маска со темно хромиран финиш, странични поистакнати прагови, а назад е поставен и нов дифузер. Исто така, оваа изведба се добива со уникатни 18-инчни бандажи, нова сива боја, како и неколку GR Sport значки.

Внатре, поставени се нови спортски седишта со црвени шевови кои стандардно се делумно во кожа, а како опција може да бидат и целосно во кожа. Воланот е со перфорирана кожа, а црвени шевови има и на воланот и на менувачот. Има и уште неколку дополнителни специфични детали во кабината кој прават овој модел да се издвојува од другите верзии, а и патниците едноставно да го чувствуваат тоа спортско чувство.

Corolla GR Sport е достапна со добро познатите хибридни погони. Сите пристигнати примероци се опремени со 1.8-литарскиот хибрид кој испорачува 122 коњски сили, а може да се земе и помоќниот 2.0-литарски хибрид со 180 коњски сили. Силата се пренесува на предните тркала преку E-CVT автоматски менувач. Послабиот мотор до „стотка“ забрзува за 10.9 секунди, додека помоќниот мотор го скратува забрзувањето на 7.9 секунди. Максималната брзина и кај двете верзии е иста и изнесува 180 км/ч.

Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или во салонот на Toyota каде што ќе може и да ја видите новата Corolla GR Sport.