Денес ќе зборуваме за едни од најпопуларните и најпродавани SUV модели на Mercedes-Benz, а тоа се GLC и GLC Coupé.
Mercedes-Benz GLC, како и неговиот претходник, моделот GLK, постигнаа многу голем успех, а ова се неколку интересни факти за GLC:
Потеклото на името „GLC“ – „G“ се однесува на Gelandewagen или G-Class, кој е „таткото“ на сите SUV модели на Mercedes-Benz, додека „L“ значи „luxury“, а „C“ укажува на односот на автомобилот со гамата на C-Class.
Најпродаван SUV на Mercedes-Benz – GLC е најбараниот SUV на Mercedes и бележи најголема продажба во SUV моделите на производителот.
Популарен и во Кина – секоја втора произведена единица на GLC се продава на клиент во Кина, што ја прави земјата најголем купувач на овој SUV во споредба со другите големи пазари на Mercedes, како што се САД, Велика Британија, Франција и Германија.
Се произведува заедно со C-Class – Стандардниот GLC, како и неговата купе верзија се произведуваат на иста линија како и моделите C-Class Saloon и Estate. На крајот на краиштата, GLC спаѓа во семејството на C-Class.
Голем број на опции за персонализација – Компанијата тврди дека нема два модели на GLC кои се идентични, бидејќи автомобилот нуди многу разновидна опрема и опционални додатоци. GLC има повеќе од десетина комбинации на бои и достапни мотори меѓу кои клиентот може да го направи својот избор.
Клиентите се чувствуваат безбедно во овој автомобил – Во Германија, 85% од клиентите на марката ја идентификуваат „безбедноста“ како главна карактеристика на теренецот.
Популарен и кај младите купувачи – пазарот покажува дека двајца од тројца купувачи на GLC се на возраст под 40 години.
SUV кој е префериран и од понежниот пол – GLC се покажа како доста популарен избор кај жените, особено во САД, каде речиси половина од возачите на SUV се жени.
Ајде да започнеме од стандардниот GLC – ова е првата генерација на GLC која за прв пат се појави на пазарот во 2015 година, а во 2019 година автомобилот доби темелно освежување.
Надворешниот дизајн ја следи дизајнерската филозофија на сензуална чистота, GLC изгледа елегантно, но истовремено и релативно спортски. Карактеристичните линии, мускулно извајаните површини и уникатните детали обезбедуваат силен теренски карактер. Предниот дел дава впечаток на доминација уште на прв поглед. Тука голема улога имаат и стандардните High- Performance LED фарови, како и силно контурната решетка за ладилникот со динамички обликувани двојни лувери и дијамантски детали. Стандардните LED фарови на оваа фејслифт верзија се помали и поразлични, а имаат и значително модифицирани контури. Обликот на дневните светла го усовршува дизајнот и гарантира подобра препознатливост на светлосниот потпис на Mercedes-Benz. Секако, како дополнителна опција достапни се и фаровите со MULTIBEAM технологија. Атлетскиот карактер продолжува и на задниот дел со тоа што фејслифт верзијата доби поспортски браник со интегрирани отвори за издувниот систем. Редизајнираните Full LED задни светла исто така обезбедуваат непогрешлив светлосен потпис – со карактеристична графика која ја имаат само SUV моделите на Mercedes-Benz.
Врвни материјали, прецизна изработка и елегантни форми се работите кои ја карактеризираат внатрешноста на GLC. Кабината е модерна и хај-тек, а достапни се и неколку различни видови на украсни елементи, како што се детали во сјајно црна боја и неколку видови на дрво, а мултифункционалниот волан е достапен во две верзии. Покрај тоа, работењето со Active Distance Assist DISTRONIC и Touch Control копчињата за контрола на групата инструменти, како и мултимедијалниот систем испраќаат јасен сигнал кој покажува кон иднината. Корисникот управува со телематските функции користејќи гестови со еден или повеќе прсти, така наречена multi-touch контрола со повеќе допири, на мултифункционалниот „touchpad“ на централната конзола. Ова служи како алтернатива на гласовната контрола и покрај тоа нуди можност за рачно внесување на букви, броеви или специјални знаци. Површината не само што дава јасен хаптички, туку има и акустичен фидбек.
Опционалниот ENERGIZING comfort пакет гарантира дека ќе пристигнете опуштено по долгите патувања. Оваа контрола на удобност активира различни системи во возилото кои комбинираат сили за да создадат оптимална средина. Се интегрираат осветлувањето и музичката атмосфера, контролата на климата, соодветните музички и видео селекции, како и функцијата за масажа, греењето и вентилацијата на седиштата. „ENERGIZING COACH“ користи податоци од возилото и околината за да препорача една од програмите што одговара на ситуацијата и на поединецот.
Сега малку да се префрлиме на GLC Coupé и да го разгледаме екстериерот и ентериерот на тој модел.
Од надвор GLC Coupé изгледа многу слично со GLC, предниот дел е скоро идентичен, а разликата е воочлива на задниот дел и од страната благодарение на опаѓачката купеовска кровна линија. Mercedes-Benz GLC Coupé е автомобил со кој сигурно ќе привлечете внимание, го комбинира спортскиот став со функционалност на теренец. Резултатот е возило за индивидуалисти кои придаваат максимално значење на извонредниот изглед, врвниот ентериер и пионерската технологија. GLC Coupé се одликува со својот динамичен изглед и елегантни линии. Карактеристиките вклучуваат доминантен преден дел, моќни форми и хромирани детали како што се предните и задните заштитни панели. Неговиот купе карактер блеска низ силуетата со опаѓачката линија на покривот и заобленото задно стакло. GLC Coupé покажува како дизајнерските купе карактеристики можат да се усогласат со оние на SUV модел. Моделот од фотографиите е опремен со AMG-Line пакет кој вклучува поспортски браници, ексклузивни алуминиумски бандажи и многу други елементи кои допринесуваат за поагресивен изглед. Стандардниот GLC од фотографиите не е опремен со AMG-Line пакет и разликата може да ја забележите веднаш.
Беспрекорен луксуз и лесни за употреба контроли изобилуваат во ентериерот. Како што е вообичаено за Mercedes-Benz, особено значење му се дава на ентериерот. Фокусот е ставен на контролната табла и елегантните линии на централната конзола. Големиот, едноделен панел на конзолата елегантно поминува од централните отвори за воздух до потпирачот за раце. Мултифункционалниот „Touchpad“ на централната конзола уште повеќе ја подобрува практичноста при работењето и го заменува ротирачкото копче што се вградуваше порано, додека инфо-забавниот систем има екран на допир од 10.25-инчи. Пред возачот е поставен целосно дигитален инструмент кластер со дисплеј од 12.3-инчи. Во прилог на ова, новата генерација на MBUX (Mercedes-Benz User Experience) инфо-забавен систем може да се пофали со интуитивна логика и широк спектар на опции за контрола.
Инфо-забавниот систем е идентичен и кај двата модели, а постојат пет различни начини за интеракција со системот: со контрола на допир на централниот дисплеј, користење на копчињата осетливи на допир на мултифункционалниот волан, со мултифункционалниот „Touchpad“ на централната конзола, преку опционалната контрола со гестови и преку гласовна контрола која се активира со користење на “Hey Mercedes”.
Двата модели се достапни со исти мотори кои вклучуваат неколку различни турбо-бензински и дизел мотори од најновата генерација. Новите мотори значително ги намалуваат CO2 емисиите, како и потрошувачката. Главните компоненти на технологијата се CAMTRONIC варијабилната контрола на вентилот, кој го загрева системот за издувни гасови без да се зголеми потрошувачката, турбо полначот со двојно движење и дополнителниот систем од 48 волти со стартер-генератор.
Кај бензинските мотори понудата започнува со моделот GLC 200 кој користи 2.0-литарски мотор и располага со 197 коњски сили, втората опција е GLC 300 кој користи исто 2.0-литарски мотор, но располага со 258 коњски сили. Исто така достапен е и Plug-in Hybrid модел со ознака GLC 300e кој располага со вкупно 320 коњски сили.
Кај дизелите понудата е поголема и започнува со моделот GLC 200d кој располага со 163 коњски сили, следи GLC 220d со 194 коњски сили, GLC 300d со 245 коњски сили и GLC 300de што е PHEV верзија располага со 306 коњски сили – сите овие верзии користат 2.0-литарски мотор. На врвот на понудата се наоѓа моделот GLC 400d кој користи 2.9-литарски мотор и располага со 330 коњски сили.
Сите модели стандардно се опремени со 4Matic погон на сите четири тркала и G-Tronic 9-степен автоматски менувач.
Овие верзии на GLC и GLC Coupé добија и многу нови технологии и иновативни работи, а дел од нив се следните:
DYNAMIC BODY CONTROL – овие верзии на GLC за прв пат се опремени со ваква суспензија која има прилагодливи амортизери за предната и задната оска. Во зависност од ситуацијата на возењето, брзината и состојбата на патот, амортизацијата се контролира индивидуално за секое тркало во интеракција со карактеристиките на моторот, менувачот и управувачот. Покрај тоа, суспензијата може да се комбинира со спортски управувачки систем со подиректен однос на управувањето. Се ракува со Dynamic Select прекинувачот и нуди три фази што може да се изберат: Двете фази „Sport“ и „Sport+“ овозможуваат поцврста поставка на карактеристиките на амортизерот, додека режимот „Comfort“ овозможува ултра удобно возење.
DYNAMIC SELECT – Новите контроли на Off-Road Engineering пакетот и Dynamic Select системот со проширени функции според спецификацијата одговараат на индивидуалните барања на возачот во однос на управувањето и барањата поставени од посебните услови на патот. Возачот избира помеѓу двата режима на возење надвор од патот со прекинувачот Dynamic Select на централната конзола: Режимот „Off-Road“ е особено погоден за нечисти патишта, песок и снег, додека режимот „Off-Road +“ е совршен за тежок терен со карпести или стрмни падини. Тристепениот дизајн на ESP системот сега нуди уште поголема динамика во режимите на „Sport“ и „Sport+“. Со тоа GLC уште еднаш ја докажува својата разноврсност – исто така и теренски.
Driving assistance системи –
Кога е активиран Active Distance Assist DISTRONIC системот со адаптација на брзината заснована на рутата, GLC може да препознае и да одговори на сообраќајниот метеж или бавно движење на сообраќајот со помош на информации од LiveTraffic пред возачот да стане свесен за оваа сообраќајна пречка. Кога ќе се открие застој во сообраќајот (и ако возачот не избере различен одговор), DISTRONIC претпазливо ја намалува брзината на околу 100 км / ч. Ова е надополнето со подобрен Active Lane Keeping Assist, како и со дополнителни функции на Active Emergency Stop Assist.
Active Braking Assist со функција за сопирање во итни случаи на застој во сообраќајот го намалува ризикот од потенцијална несреќа при вртење, на пример, ако возачот не ги види возилата што доаѓаат. Доколку постои опасност од судир со сообраќајот што доаѓа при вртење, GLC може да се сопре со брзина типична за таквите маневри. Интервенцијата на сопирање се одвива ако возачот сигнализира намера да сврти и возилото може да се сопре до застој пред да се премине обележувањето на лентата. Возилата што доаѓаат ги открива радарскиот сензор со долг дострел во предната страна и стерео повеќенаменската камера.
Exit Warning функцијата го намалува ризикот да не видите возило што се приближува или велосипедист при отворање на вратата. Оваа функција е активна само кога возилото е запрено. Кога возачот или патникот ја отвораат вратата и возилото се приближува, системот емитува визуелно и звучно предупредување. Функцијата е активна до три минути по исклучувањето на моторот. Во комбинација со амбиенталното светло, светлата на вдлабнатината на рачката на вратата и осветлувањето трепкаат црвено.
Како опција е достапен и Active Parking Assist. Откако ќе го притиснете копчето за Active Parking Assist, системот на мултимедијалниот дисплеј ги прикажува сите идентификувани места за паркирање во непосредната околина доколку се движите со брзина под 35 км/ч. Возачот избира маневар за паркирање преку „touchpad“, преку екранот на инфо-забавниот систем или десната контролна табла на мултифункционалниот управувач – системот овозможува асистирано паркирање во секаков вид на паркинг места.
Друга интересна опција е Trailer Manoeuvring Assist – системот користи сензори во главата на куката, како и магнетски прстен за мерење на аголот помеѓу влечното возило и приколката. Камерата од 360 степени нуди подобар целосен преглед при паркирање и маневрирање, како и виртуелен „bird’s-eye“ поглед. Дополнителен режим на зумирање го олеснува приближувањето и закачувањето на приколката, сликата на мултимедијалниот дисплеј има нова анимација и квалитетот на сликата е значително подобрен од претходно.
Car-to-X-Communication го поддржува возачот обезбедувајќи му ажурирани информации и предупредувања за опасни ситуации на патот. Радио-базираната размена помеѓу возилата, како и сообраќајната инфраструктура го известува возачот визуелно и/или акустично за потенцијалните опасности.
Повеќе информации како и ценовник може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Мак Ауто Стар!






















































