Како и SUV моделот Stelvio, така и елегантниот седан на Alfa Romeo, моделот Giulia е достапен со гратис дополнителна опрема во вредност од 6300 евра!
Business пакетот кај Giulia содржи: 18-инчни алуминиумски бандажи, команди за автоматски менувач на волан, електрохроматски надворешни ретровизори, седишта обложени во комбинација кожа со ткаенина, Alfa Connect 3D NAV инфо-забавен систем со 8.8-инчен екран, сензор за мртов агол и сензор за премин преку линија и металик боја.
Покрај овој пакет, стандардната опрема вклучува и автоматски двозонски клима уред, 7-инчен дисплеј во боја на инструмент табла, Apple Carplay/Android Auto, адаптивен темпомат, Hill Descent Control, автономно кочење, во случај на опасност, предупредување при несакана промена на лента на движење, брисачи осетливи на интезитет на дожд, задни паркинг сензори, безжичен полнач и многу друго…
Giulia во оваа Business изведба е достапна само со 2.2-литарски JTDM дизел мотор кој располага со 160 коњски сили, а силата ја пренесува на задните тркала преку автоматски менувач.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Alfa Romeo.





















