Audi неодамна ја претстави освежената верзија на A5 која сега е достапна и на македонскиот пазар.
Визуелно, трансформацијата е најочигледна на предниот дел. А5 добива нова решетка, која е обликувана во согласност со најновите модели на Audi и е достапна во неколку различни верзии во зависност од нивото на опрема. На пример, спортските модели S-Line и S5 добиваат „honeycomb “ решетка, додека ка другите модели решетката е со хоризонтални линии. Предниот браник е со нов поагресивен дизајн и поголеми отвори за воздух. Добива и нови фарови кои стандардно се со LED технологија, а како опција може да одберете и Matrix LED светла. На задниот дел поставен е ново дизајниран браник кој добива и поголем дифузер, а како напред така и тука се поставени нови LED светла со многу интересна графика.
Внатре, инфо-забавниот систем се смени, а тоа значи дека Audi го отстрани ротационото копче за ракување на системот. Сега е поставен нов екран осетлив на допир со големина од 10,1-инчи монтиран на горниот дел од централната конзола кој исто така доаѓа и со нов софтвер. Технологијата за навигацискиот систем е ажурирана според најновиот стандард на брендот, со нови мрежни услуги, како што се информации за опасност, достапност на паркинг и во одредени европски градови, информации за семафорите. Пред возачот сега се наоѓа и нова 12.3-инчна дигитална инструмент табла со подобрена графика. Сопствениците на новиот A5 ќе може да направат over-the-air ажурирање на софтверот.
Што се однесува до погонот A5 е достапен со добро познатите TFSI и TDI мотори, а од понудата се тргнати 3.0-литарските V6 мотори. Исто така, некој верзии сега добиваат и mild-hybrid технологија. Кај бензинците достапни се 35 TFSI (2.0 мотор со 150 КС), 40 TFSI (2.0 мотор со 204 КС) и 45 TFSI (2.0 мотор со 265 КС). Кај дизелите достапни се 35 TDI (2.0 мотор со 163 КС) и 40 TDI (2.0 мотор со 190 КС). Појаките верзии се достапни и со Quattro погонот на сите четири тркала.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Audi.




















