Во салонот на Kia Motors Macedonia пристигна спортската изведба на Ceed која доаѓа со визуелни промени на надворешноста и внатрешноста, како и нов турбо-бензински мотор.
Надворешниот дизајн на Ceed GT-Line е дополнително збогатен и поатрактивен од стандардниот Ceed. На предниот дел е поставен нов спортски браник, а стандардно се добиваат и Full LED фарови. Од страните, поставени се спортски прагови кои допринесуваат за поширок став на автомобилот, како и екслузивните 17-инчни алуминиумски бандажи кои се достапни само за оваа GT-Line изведба. На задниот дел, исто така има нов спортски браник со интегриран дифузер и задни светла со LED технологија. И да, отворите за издувот за жал се фејк…
Во внатрешноста има промени, но не се толку драстични – се добива спортски волан, спортски седишта со интегрирано GT-Line лого на нив, алуминиумски педали, декоративни елементи во сјајно црна и сребрена боја, црн покрив и уште неколку детали кои ја прават целата кабина поспортска во споредба со стандардната изведба. Дополнително, стандардната опрема во GT-Line е доста збогатена, па така добивате и автоматски дво зонски клима уред, 8-инчен инфо-забавен дисплеј со Apple CarPlay и Android Auto поврзување, предни и задни светла со LED технологија, голем број на активни и пасивни системи за безбедност, задни паркинг сензори, задна паркинг камера и многу друго.
Што се однесува до моторите, Ceed GT-Line е достапен само со еден мотор, а тоа е новиот 1.5-литарски четирицилиндарски турбо-бензинец кој испорачува 160 коњски сили. Стандардно доаѓа со 6-степен мануелен менувач, а како опција може да одберете и 7-степен DCT автоматски менувач. Цената на Ceed GT Line со мануелен менувач изнесува 19.550 евра.
Уште една новост е тоа што Ceed Black Pack е повторно достапен во понудата на Kia Motors Macedonia.
Black Pack е надградена верзија на Reference 1 нивото на опременост со што се направени неколку дополнителни промени на надворешноста. Оваа изведба добива уникатни 17-инчни алуминиумски бандажи во мат црна боја, како и надворешни ретровизори и лајсни околу вратите во мат црна боја. Сите овие мали, но значајни промени му даваат еден поинтересен изглед на Ceed кој особено ќе ги привлече помладите купувачи.
Исто како и GT-Line изведбата, така и оваа Black Pack е достапна со 1.5-литарскиот турбо-бензинец со 150 коњски сили, а може да одберете мануелен или автоматски менувач. Цената на Ceed Black Pack започнува од 18.450 евра.
Повеќе информации за двете верзии може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Kia каде што ќе може и да ги видите возилата.


































