Fiat Panda Trussardi е специјална лимитирана верзија на популарниот градски автомобил. Оваа изведба на Panda е дизајнирана во соработка со Trussardi – италијанска модна марка. Логоата на Trussardi се поставени низ целиот автомобил кој воедно доаѓа во многу уникатна мат боја која се вика „Caffè Italiano Brown“ и е во комбинација со контрастни црни акценти. Оваа изведба е и „првата луксузна Panda“ – како што кажуваат од Fiat.
Другите специјални надворешни детали вклучуваат црни кровни носачи, црни ретровизори и алуминиумски бандажи од 15-инчи во црна боја. Бојата Caffè Italiano Brown е достапна во мат или во металик финиш, но исто така достапни се и неколку други бои ако кафеавата боја не ви е по ваш вкус.
Во внатрешноста, поставени се нови материјали и како и надворешноста, така и внатрешноста добива ексклузивни елементи. Логото Trussardi е поставено на подните теписони, на безбедносните ремени, како и на седиштата. Црните седишта имаат контрастни кафеави шевови, додека контролната табла има и нов финиш во истата Caffè Italiano Brown боја.
Под хаубата на оваа специјална верзија се наоѓа 0.9-литарски бензински мотор кој располага со 89 коњски сили и силата ја пренесува на предните тркала преку 5-степен мануелен менувач.
За повеќе информации посетете го продажниот салон на Fiat каде што може и да ја видите оваа ексклузивна Panda.























