Популарниот Kia Sportage отсега е достапен и во специјалната лимитирана Black Edition изведба.
Како што кажува и името, голем дел од елементите на надворешноста на оваа изведба се во сјајно црна боја. На предниот дел, добива нова маска во црна боја и логото KIA е потемно од тоа кај другите изведби. На задниот дел поставен е нов дифузер, ознаката Sportage е со црни букви и како и напред, така и тука логото KIA е потемно. Black Edition изведбите стандардно се опремени со Full LED светла напред и назад, како и 17-инчни алуминиумски бандажи во црна боја. Оваа изведба е достапна во две бои за надворешноста и тоа: „Black Pearl“ и „Lunar Silver“.
Во внатрешноста нема некои големи промени и стандардно добивате 8-инчен дисплеј за инфозабавниот систем кој е со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto поврзување, автоматски клима уред и инструмент табла со 3.5-инчен дисплеј. Исто така, во споредба со другите изведби, дополнително на ова добивате и збогатена стандардна опрема која вклучува: LKAS-систем за одржување на возилото во лента, DBC – контрола на сопирање при спуштање на стрмна надолнина, HBA – автоматска регулација на долги светла, предни и задни паркинг сензори, задна паркинг камера, заден спојлер, дополнително затемнети стакла во заден дел и многу друго…
Kia Sportage во Black Edition изведба може да се добие само со еден мотор, а тоа е 1.6-литарскиот GDi бензинец кој располага со 132 коњски сили и силата ја пренесува на предните тркала преку 6-степен мануелен менувач.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Kia Motors Macedonia.






















