Гамата на Tipo е проширена со новото Tipo Cross, а отсега овој нов модел е достапен и за македонските купувачи.
Новиот Tipo Cross се појавува како уште помодерен, подинамичен и поробустен модел во споредба со конвенционалното Tipo хечбек. На новата предница се појавува редизајнирана маска на која се наоѓа и новото лого на Fiat, со букви испишано FIAT, значаен и силен став. Tipo е меѓудругото и првиот автомобил на Fiat кој го применува ваквото лого, после новиот Fiat 500. Предните фарови се комплетно редизајнирани и предните и задните светла сега се со “full-led” технологија, а со тоа се зголемува како активната, така и пасивната безбедност – благодарение на поголемата видливост, со нив се истакнуваат не само линиите на автомобилот, туку му даваат и посовремен изглед и истовремено го прават автомобилот поодржлив до најмалиот детал, ја намалуваат потрошувачката на електричната енергија во возилото – а со тоа и емисијата на CO2. Од страните, на нискиот дел на автомобилот кој што е комплетно редизајниран со вклучување на елементи во finishing ICE MATTE – засенчен хром – се надоврзуваат новите тркала од лесна легура од 16 или 17-инчи co дијамантирана обработка и нови дизајни.
Во внатрешноста, амбиентот е потполно нов. Седиштата се во штофови со ексклузивни дизајни. Дигиталниот команден дел со екран од 7-инчи може да се конфигурира според потребите и ја заменува стандардната аналогна инструмент табла. Исклучително технолошки и софистициран изглед кој овозможува целосна контрола над возилото во текот на возењето. На екранот одлично се надоврзува најновиот инфозабавен систем UConnect 5 co екран на допир од 10,25-инчи(како дополнителна опрема). Воланот, сега е покомпактен и обликуван за да биде со подобра ергономија, а исто така, овозможува и совршена видливост на збирниот команден дел со екран од 7 -инчи. Посебно внимание е посветено и на централната контролна табла каде што се преработени командите за клима-уредот и се додадени хромирани и црни инсерти.
Исто така, сите други изведби на Tipo (хечбек, седан и караван) се подновени со комплетен рестајлинг, нов дизајн – посмел, младешки и динамичен – технологија на највисоко ниво и нови еколошки мотори, со подобрени перформанси. Новата гама Tipo доаѓа со две нивоа на опременост: “Tipo” и “City Life”. Додека новиот Tipo Cross е достапен во едно ниво на опременост “Cross”. Додадени се и две нови бои за надворешноста: сина – „Oceano“ и портокалова „Paprika“.
Што се однесува до понудата на мотори, новото Tipo може да биде опремено со дизел мотор 1.6 Multijet со 120 КС, 1.3 Multijet со 95 КС или пак co новиот турбо-бензински мотор GSE 1.0 GSE T3 со 100 КС и 1.4 атмосферскиот бензинец со 95 КС моќност.
Повеќе информации може да најдете на https://www.fiat.mk/ или да го посетите продажниот салон на Fiat.


























