Porsche го претстави новиот 911 GT3

Новиот 911 GT3 го достигнува својот целосен потенцијал на затворените тркачки патеки, како што е 20.8 километри долгата Nürburgring Nordschleife патека. Автомобилот ја мина најтешката тркачка патека на светот за 6:59.927 минути – повеќе од 17 секунди побрзо од неговиот претходник. Не беше потребен никаков посебен настан за рушење на рекордот бидејќи возачот Lars Kern го постигна ова време на последната фаза на подесување на автомобилот. Бренд амбасадорот на Porsche, Jörg Bergmeister оствари слични времиња на кругови неколку пати по ред што е знак за постојано исти перформанси на овој елитен спортски автомобил.

Новиот 911 GT3 користи 4.0-литарски високо-вртежен GT Boxer мотор кој му дава извонредна живост и го истакнува се ова со емотивна звучна слика. Испорачува 510 коњски сили, што е за 10 коњски сили повеќе од својот претходник, а како и претходно црвената линија е на 9000 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент на атмосферскиот шест-цилиндричен мотор се зголеми од 460 на 470 Nm. Системот за внесување на воздух располага со вентили со шест барели, како што тоа се случува во мото-спортот. И покрај тоа што има два филтри за бензински честички, лесниот спортски издувен систем тежи помалку од оној што беше вграден во претходниот GT3.

Покрај 6-степениот GT мануелен менувач кој е со динамична auto-blip функција, достапен е и 7-степен PDK автоматски менувач. Како и во мото-спортот, овозможува менување на брзини во рамките на милисекунди и притоа без да се прекинува испораката на моќност. Па затоа се обезбедени импресивни бројки за забрзување, новиот 911 GT3 се катапултира од 0 до 100 километри на час за 3,4 секунди, достигнувајќи 200 километри на час за 10,8 секунди. Porsche ја нуди и седмата генерација на 911 GT3 исклучиво само со погон на задните тркала.

Ова е првпат да интензивно преработената предна оска со двојни контролни раце, која е веќе позната од успешниот 911 RSR на Le Mans, се користи во производствен модел на Porsche. Нуди поголема цврстина на камберот, меѓу другите предности и ги олеснува амортизерите од нарушувачки попречни сили. Резултатот е извонредно агилно однесување и предвидливо движење. Испробаната и тестирана задна оска со пет краци базирана на концептот LSA (lightweight, stable, agile) ги води тркалата со уште поголема прецизност благодарение на дополнителните топчести споеви за долната контролна рака, кои се подложени на особено голем стрес. Специјалните амортизери комбинираат поголема удобност со подобрени возни карактеристики на тркачка патека. Покрај тоа, овој модел стандардно се одликува со систем за управување на задните тркала, а задните тркала се вртат до два степени во иста или спротивна насока од предните, во зависност од брзината на возење. Ова резултира со поголема стабилност во свиоците при големи брзини и помал круг на вртење за маневри при паркирање.

Со дијаметар од 408 милиметри наместо 380, лесните дискови на сопирачките на предната оска на новиот автомобил се значително поголеми од оние вградени во последниот GT3, додека тежат 17 проценти помалку. Покрај спортски гуми со високи перформанси, гуми кои се наменети за возење на тркачка патека, а се одобрени и за секојдневно возење сега за прв пат се достапни како опција. Системот за подигнување на предната оска има специјална Smart Lift функција.

Во спортски автомобил со високи перформанси како што е новиот 911 GT3, секој вишок килограм е важен. Затоа Porsche сеопфатно ја оптимизира тежината на автомобилот – од лесното стакло во сите прозорци, до лесниот издувен систем и лесните дискови за сопирање, до LiFePO4 батеријата. Само батеријата тежи 10 килограми помалку од таа во претходниот 911 GT3.

Ефективната аеродинамика на новиот 911 GT3 веќе донесе победа за тркачкиот автомобил 911 RSR Le Mans. Неговиот функционален заден дифузер генерира четири пати поголема моќност од претходникот, бидејќи меѓусебното дејство помеѓу предните дифузери и широкиот лип спојлер обезбедува поконзистентен проток на воздух. Новиот 911 GT3 генерира приближно 50 проценти поголем „downforce“ во однос на претходникот. Во перформанс позиција, „downforce“ може да се зголеми за дури 150 проценти.

GT моделите на Porsche на тркачките патики се како дома , исто како што се и на патишта полни со свиоци. Ова го прави особено популарен пакетот Clubsport, кој е достапен и за новиот 911 GT3 без дополнителни трошоци. Покрај сертифициран „roll-cage“ зад предните седишта, тој исто така вклучува и појас со шест точки за возачот, рачен апарат за гаснење пожар и прекинувач за исклучување на батеријата.