Dacia ја обнови својата понуда со нов градски автомобил кој го олицетворува ДНК -то на DACIA, а тоа е комплетно новиот Dacia Sandero Stepway- авантуристичката верзија на Sandero која претставува 65% од целата продажба на моделот со продадени повеќе од 1,3 милиони автомобили во Европа.
Подигнато растојание од земјата, Sandero Stepway е разноврсен авантурист во семејството на Dacia. Уникатниот ентериер и моќниот надворешен дизајн се смела изјава за бегство и авантура. Зголемената диференцијација го издвојува од потполно новиот Sandero и ја зајакнува репутацијата на кросовер во ДНК-то на новиот Sandero Stepway. Новиот Sandero Stepway се карактеризира со основни дизајнерски елементи на кросоверите – подигнато растојание од земја од 174 mm (пораст од 41 mm во споредба со Sandero, пред се од поголем дијаметар на пневматиците), држачи на кровот со испис на логото, специјално текстурирано и армирано дно на вратите.
Ентериерот добива исто така нов и модерен дизајн, навлаката во ентериерот е со логото Stepway, додека панелите на вратите како и инструменталната табла имаат портокалови шевови и вметнати украсни детали. Достапни се три различни мултимедијални системи: Media Control, Media Display и Media Nav. Со Media Control, паметниот телефон може да се постави на паметната поддршка пред возачот, далечинскиот мултимедијален систем се поврзува преку новата бесплатна апликација Dacia Media Control и Bluetooth или USB конекција. Системот овозможува лесен пристап до: радио, музика, повици, пораки, сателитски апликации и многу други одлики како што се препознавање на глас на Siri и Android. Контролите се на дофат на рака на управувачот (за радиото) или зад него (sat nav) за да се обезбеди побезбедно возење. Media Display конзолата се одликува со голем 8-инчен екран на допир позициониран на горниот дел. Екранот е малку навален кон возачот со цел поголема видливост и ергономија. Media Nav, мултимедијалниот систем сега располага со навигација и безжична конекција за Apple CarPlay и Android Auto. Звучниот систем не е без помалку од шест звучници.
Со модуларната платформа CMF и иновативниот електронски дизајн новиот Sandero Stepway ви овозможува безбедност со најновите системи за помош и асистенција на возачот (ADAS) и безбедносните карактеристики. Стандардно е опремен и со сите нови безбедносни технологии кои вклучуваат – Помош за сопирање во итни случаеви, предупредување за “мртов агол”, асистенција при паркирање и многу друго…
Новиот Sandero Stepway е достапен со два бензински мотори кои се во согласност со новите Еuro 6d-full стандарди. Верзијата TCe 90 користи 1.0-литарски трицилиндарски турбо бензински мотор кој располага со 90 коњски сили, стандардно е опремен со 6-степен мануелен менувач, а како опција е достапен и CVT автоматски менувач. Втората верзија е ECO-G 100 која го користи истиот мотор, но има и вграден LPG систем.
Повеќе информации за новиот Sandero Stepway може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Dacia.






















