Третата генерација на Citroën C4 отсега е достапна и на македонскиот пазар!
Citroën има долга историја на производство на автомобили што се карактеристични, доста уникатни и удобни. Па така и оваа нова генерација гордо го покажува францускиот дизајн. Како и кај другите модерни модели на Citroën, супер-тенките дневни светла се поставени високо на предниот дел, додека понагласените крила и наклонетата линија на покривот му даваат coupe-SUV изглед на профилот. На задниот дел, вратата од багажникот која е со „нежен“ агол, малиот спојлер и големиот заден браник само го подобруваат овој впечаток – Целосно новиот C4 изгледа навистина несекојдневно и многу уникатно. Бидејќи е повисок од конвенционален хечбек, C4 има висока позиција на седење и зголемено растојание од земјата.
Како и надворешноста, така и внатрешноста има многу уникатен дизајн кој се издвојува од сите други автомобили на пазарот. Во кабината на C4 доминираат мат-црни површини, а има избор и за мат-хромирани или високо-сјајни црни детали за отворите на климата, централната конзола, таблата и воланот. Пред возачот се наоѓа нова frameless дигитална инструмент табла која изгледа доста едноставно и ги прикажува сите потребни информации. На горниот дел од централната конзола се наоѓа исто така нов 10-инчен дисплеј за инфо-забавниот систем. За да се минимизира одвлекувањето на вниманието на возачот, над инструмент таблата поставен е и голем Head-Up дисплеј, а под дисплејот за инфо-забавниот систем се поставени физички копчиња за контролирање на клима уредот. Citroën се гордее со обезбедувањето на паметни решенија за складирање, а C4 обезбедува не помалку од 16 прегради со вкупно 39 литри простор – приближно еквивалентно на рачен куфер.
Новиот C4 е поставен на модуларната CMP платформа што овозможува овој модел уште од самиот почеток да биде достапен со бензински, дизел и електричен мотор. Достапна е палета на 1.2-литарски PureTech бензински мотори со 100, 130 и 150 коњски сили. Кај дизелите достапен е 1.5-литарски BlueHDi мотор со 110 и 130 коњски сили. Силата ја пренесуваат на предните тркала преку 6-степен мануелен менувач или 8-степен автоматски менувач. Целосно електричната верзија на C4 располага со моќност од 100 kW, односно 136 коњски сили. Според WLTP мерењата со едно полнење ќе може да помине 350 километри.
Одликувајќи се со прогресивната хидраулична суспензија што веќе ја видовме кај C4 Cactus и C5 Aircross, новиот C4 нерамнините и дупките на патиштата ќе ги поминува со леснотија и ќе може да понуди врвен комфор во возењето. Многу внимание е посветено и на удобноста на седиштата, достапна е лумбарна поддршка за предните седишта и централни потпирачи за раце напред и назад, за патниците да се чувствуваат како да седат во фотелји. Постои дури и опција за масажа на предните седишта за врвно опуштање при возење.
Цените за новиот Citroen C4 ќе бидат објавени наскоро, а за повеќе информации околу возилото посетете го продажниот салон на Citroen или нивната вебстрана – https://www.citroen.com.mk/





























