Новиот Peugeot e-Expert е интернационално комерцијално возило за 2021

Новиот PEUGEOT e-EXPERT беше избран за интернационално комерцијално возило за 2021 година во четвртокот, 17 декември 2020 година. Оваа награда е доказ за посветеноста на тимовите на PEUGEOT кон остварување на стратегијата за електрификација на брендот. Новиот PEUGEOT e-EXPERT е шестото возило на PEUGEOT кое ја добива престижната награда „Интернационално комерцијално возилo за 2021“ од самиот почеток на наградите во 1992 година. Овозможувајќи неограничен пристап до централните градски подрачја, новиот PEUGEOT e-EXPERT овозможува нова понуда во сегментот на компактни комерцијални возила сo 100% електричен мотор.

Совршен пример за моќта на изборот, новиот PEUGEOT e-EXPERT доаѓа со:

  • 2 нивоа на автономија кои обезбедуваат до 330 km (WLTP),
  • 3 должини (Compact, Standard и Long),
  • капацитет за влечење од 1000 kg и носивост од 1275 kg,
  • истиот волумен за товарање како и верзијата со внатрешно согорување, до 6,6 m³.

Задржани се сите оригинални квалитети на PEUGEOT Expert, без компромиси и сега со нула емисии. IVOTY: Под оваа кратенка лежи наградата „Интернационално комерцијално возило на годината“, најпрестижна награда за едно комерцијално возило. Победникот се избира секоја година од гласовите од жирито составено од 25 меѓународни новинари (Европа, Русија и Турција), кои претставуваат 25 медиуми специјализирани во овој сегмент.

Победничкото возило во својата каросерија ќе може со гордост да го носи логото „Меѓународно комерцијално возило на годината“ една година. Оваа награда ја одразува посветеноста на сите тимови кои учествуваа во проектот PEUGEOT e-EXPERT. Брендот PEUGEOT ја добива оваа награда шести пат од првото нејзино доделување во 1992 година:

  • 1994 : PEUGEOT BOXER
  • 1997 : PEUGEOT PARTNER
  • 2008 : PEUGEOT EXPERT
  • 2009 : PEUGEOT BIPPER
  • 2019 : PEUGEOT PARTNER
  • 2020 : PEUGEOT e-EXPERT

Моќен и впечатлив дизајн, следна генерација на електрични комерцијални возила од
PEUGEOT Верен на концептот на брендот за моќта на изборот, новиот PEUGEOT e-EXPERT го задржува атлетскиот, робустен и нагласен стил од верзиите со внатрешно согорување, надополнет со неколку уникатни карактеристики.

Од надвор:

  • Дихроични лавови (метод кој ја менува бојата во зависност од аголот на гледање), напред и назад, кои доаѓаат со опцијата „Pack Look“,
  • отвор за полнење на левото предно крило
  • специфична средна решетка,
  • монограм e-Expert на задниот дел

Во внатрешноста:

  • аналогна контролна табла со матрица во боја прилагодена на електричниот систем,
  • специфична графика за централниот екран на допир со TomTom Traffic 3D поврзана навигација, која сега ги вклучува достапните точки за полнење и опсегот според преостанатата автономија,
  • нова автоматска контрола на автоматскиот менувач „e-Toggle“,
  • прекинувач за избор на режим на возење за да може да изберете режим на возење:
  • Eco (60 kW, 190 Nm): промовира автономија,
  • Normal (80 kW, 210 Nm): оптимално за секојдневна употреба,
  • Power (100 kW, 260 Nm): ги оптимизира перформансите при транспорт на големи товари
  • електрична паркирна сопирачка.

Новиот PEUGEOT e-EXPERT комбинира компактни надворешни димензии со максималнa носивост. Батериите се наоѓаат под подот, без никакво влијание врз волуменот на оптоварување. Ова позиционирање, исто така, промовира цврстина, обезбедувајќи задоволство и уживање при возењето, исто како кај верзиите со внатрешно согорување, благодарение на оптималната дистрибуција на тежината. Возачот на новиот PEUGEOT e-EXPERT има поголема удобност во сите ситуации, преку специјално прилагодливиот систем за серво управување што го олеснува возењето и со дијаметар на вртежниот круг од 11,3 m (компактна верзија помеѓу крајните точки) и
висина на возилото ограничена на 1,90 m (во зависност од верзијата) што гарантира пристап до повеќето паркинзи.

Новиот PEUGEOT e-EXPERT е достапен во истите верзии како и во врзиите со мотори со
внатрешно согорување со цел да ги исполни сите потреби:

  • Комерцијални возила (3 должини: компактна 4,6 m, стандардна 4,95 m и долга 5,30m),
  • Длабоки кабини (5 или 6 места, фиксни или преклопни, во стандардна и долга должина),
  • Под на кабината (за конверзии на каросеријата, во стандардна должина).

Модуларноста продолжува да ги поставува нови стандардите во сегментот со модуларната клупата со 3 седишта со можност за нивно поклопување. Капацитетот на влечење останува ист со можност за влечење товар до 1000 kg. Волуменот на носивост до 6,6 m³ е точно ист како кај моторите со внатрешно согорување, а носивоста до 1275 kg е специфична за електричниот погон. 100% електрична технологија, следна генерација на ефикасни електрични комерцијални возила Се базира на мулти-енергетската модуларна платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа), новиот PEUGEOT e-EXPERT нуди 100% електричен погон со максимална моќност од 100 KW и максимален вртежен момент од 260 Nm достапен од самото стартување за непосредна реакција, без вибрации, бучава, менување брзини, мирис и се разбира емисија на СО 2 . Новиот PEUGEOT e-Expert е првото електрично возило PEUGEOT што нуди двоен опсег на автономија. Во зависност од барањата, достапните капацитети на литиум-јонските батерии се од 50 kWh и 75 kWh.

Верзиите (Compact, Standard и Long) достапни со батерија со капацитет од 50 kWh може да достигнат опсег до 230 km според протоколот за одобрување на WLTP (Светски усогласени процедури за тестирање на лесни возила). Стандардната и долгата верзија исто така можат да бидат опремени со батерија со капацитет од 75 kWh со автономија до 330 km, според истиот протокол за одобрување.