Седмата генерација на најлуксузниот модел на Mercedes-Benz отсега достапна на македонскиот пазар.
Надворешниот дизајн на новиот модел претрпе доста големи промени, изгледа современо, модерно и многу луксузно. На предниот дел доминира големата маска, како и новите LED „Digital Light“ фарови, кои воедно изгледаат феноменално. Задниот дел е со едноставен дизајн и за прв пат после три генерации, новиот модел добива хоризонтални светла кои ја нагласуваат ширината на автомобилот. Стандардно добивате 19-инчни бандажи, а како опција се достапни 20 и 21-инчни.
Но, најважната работа за S-Class е токму ентериерот. Ја отворате вратата, седнувате внатре и се наоѓате во целосно друг „свет“. Кабината е ултра-луксузна, а вниманието го привлекува големиот 12.8-инчен екран за инфозабавниот систем. Исто така, голем екран од 12.3-инчи е поставен и пред возачот. Физичките конвенционални копчиња скоро и да ги нема, па затоа голем дел од функциите на автомобилот се контролираат преку екранот кој е чувствителен на допир. S-Class е првиот модел на Mercedes кој добива и нова генерација на управувач со напредни сензори и контроли, а системот ја има и најновата генерација на MBUX. Седиштата се многу комфорни и достапни се во неколку различни конфигурации. Бидејќи меѓуоскиното растојание во споредба со претходниот модел е зголемено, кабината на S-Classs сега е уште покомфорна, осовено на задните седишта. Како опција достапен е и Burmester 4D Surround аудио систем со 30 звучници, а да не го заборавиме и врвното амбиентално осветлување во кабината по кое се познати Mercedes.
Новата S-Class е достапна со вкупно 4 мотори – кај дизелите понудата започнува со S350d кој располага со 286 коњски сили и е достапен со или без 4Matic погон на сите четири тркала, следен е S400d кој има 330 коњски сили. Доколку сакате бензинец, достапен е моделот S450 со 367 коњски сили, а сега за сега на врвот на понудата е S500 со 435 коњски сили. Сите моделите се со новиот 9-степен автоматски менувач и сите освен основниот дизел стандардно се со 4Matic погонот на сите четири тркала.
Конкретниот модел од фотографиите е S400d Long Wheelbase со надворешен AMG пакет.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Mercedes-Benz.






























