Генералниот Извршен директор на Opel, Мајкл Лохшелер ја претстави новата Opel Mokka пред јавноста за прв пат на 22 септември, во седиштето на компанијата во Риселсхајм. Автомобил дизајниран да буди емоции и да го покаже патот во иднината на марката, новата Opel Mokka е првиот што го носи новото лице на марката, Opel Vizor. Истото важи и за редизајнираниот амблем на молња, Opel Blitz и името на моделот централно поставен позади. Новата Mokka е и првиот Opel со Pure Panel и целосно дигитализиран пилотски кокпит. Покрај тоа, тој е првиот Opel достапен на почетокот на продажбата со електричен погон, како и високо ефикасни мотори со внатрешно согорување. Новата Opel Mokka може да се нарача по атрактивна почетна цена од 19.990 евра (со вклучен ДДВ во Германија).
Ние го дизајниравме и развивавме автомобилот од нула овде во Риселсхајм. Целиот тим работеше со невидена страст и непоколеблива посветеност да го одведе Opel во брилијантна и возбудлива иднина. На почетокот на нарачките, новата Mokka е достапна како бензинскo, дизел или чисто електрично возило – клиентот има избор “, вели Мајкл Лохшелер, извршниот директор на Opel.
За цени кои започнуваат од 32.990 евра (со вклучен ДДВ), новaтa Mokka-е вози без штетни емисии. Со применети локални стимулации, цената се спушта на умерени 23.420 евра. Моќниот и тивок електричен погон произведува 100kW (136 КС) и максимален вртежен момент од 260 Nm од самиот почеток. Според WLTP, батеријата од 50kWh овозможува опсег до 324 километри пред да биде потребно повторно полнење.
Новата Opel Mokka импресионира со совршени пропорции и прецизност до најмалите детали. Кратките премини и широкиот став се типични за смелиот, чист изглед на 4,15 метри долгиот компакт со пет седишта. Највпечатлива карактеристика на предниот дел е непогрешливиот Opel Vizor. Името на моделот се појавува за прв пат во центарот на вратата на багажникот со специјално дизајниран фонт кој го формира зборот „Mokka“ на технички, течен, жив начин.
Внатрешноста исто така ја рефлектира јасната филозофија. Новиот Opel Pure панел интегрира два екрани и се фокусира на најважните работи. За разлика од кабините преоптоварени со информации и контроли, Pure Panel е со уникатен и јасен дизајн. Тој е јасно структуриран и разбирлив на прв поглед. Дизајнерите на Opel и придадоа големо значење на дигиталната детоксикација. Со цел да се избегне одвлекувањето на вниманието на возачот, тие обезбедија интуитивно работење на системот. Копчињата сè уште ги контролираат најважните функции, но без да мора да се движат низ подмениjaта.
За прв пат во историјата на Opel, новата Mokka ќе биде достапна на почетокот на продажбата и во целосно електрична варијанта на моделот, како и мотори со внатрешно согорување – благодарение на мулти-енергетската платформа CMP. Електричниот мотор произведува 100kW (136 КС) со 260 Nm максимален вртежен момент веднаш достапен од самиот старт. Возачите можат да изберат помеѓу три режими на возење – Normal, Eco и Sport. Со својата батерија од 50 kWh, Opel Mokka-e има чисто електричен опсег до 324 километри според WLTP1. Opel нуди гаранција од осум години / 160.000 километри за батеријата.
Достапни се ефикасни бензински и дизел мотори со моќност што се движи од 74kW (100 КС) до 96kW (130 КС). Умерената потрошувачка на гориво и супериорните перформанси се карактеристични за сите погонски единици. Моторите доаѓаат со модерен шестстепен мануелен менувач или со осумстепен автоматски менувач.
Новата Mokka останува верна на традицијата што ја дефинира брендот Opel, да ги направи иновативните технологии од повисоките сегменти на пазарот достапни за широк спектар на купувачи. Тука спаѓаат напредните системи како што се: Advanced Cruise Control (ACC) и Active Lane Positioning. Системот за осветлување исто така нуди водечки технологии со адаптивните и без отсјај IntelliLux matrix LED светлa со 14 елементи.. Сите варијанти на моделот доаѓаат стандардно со електрична сопирачка за паркирање, како и препознавање сообраќајни знаци. На располагање се и задна камера од 180 степени, Автоматско помагање при парккирање и следење на мртов агол.
Новата Mokka совршено го поврзува возачот и патниците. Стандардниот инфозабавен систем е со 7,0-инчен екран осетлив на допир, а како опција достапен е и врвен Multimedia Navi Pro со 10,0-инчен екран. Екраните се составен дел од новиот Pure Panel и се насочени кон возачот, дигиталната инструмент табла за возачот е со големина од 12-инчи.









