“GAZ” e најголемиот руски производител на комерцијални возила. Автомобилскиот погон GAZ е основан во 1932 година. Од моментот на основање до денес GAZ произведе над 18 милиони возила. Портфолиото на производи на компанијата вклучува лесни товарни возила (до 3.5 т), средни и тешки товарни возила, автобуси и над 500 видови на специјално наменски возила. Gaz Group е еден од лидерите во производство на лесни товарни возила во Европа и бр. 1 во продажба на лесни комерцијални возила во Русија со 90% учество во пазарот. Компанијата врши експорт на своите производи во повеќе од 40 земји во светот.
ABC Brother, како компанија увозник на комерцијалните и патнички возила од брендот DFSK, потпиша договор со руската компанија, со што стана овластен импортер и сервисер на GAZ моделите за Македонија.
Достапни ќе бидат три категории на возила и тоа:
– Gazelle Next, возила со бруто носивост од 3.5 тона и 4.6 тона за превоз на патници и товар и тоа во форма на камионети со единечна кабина (3 патници) и дупла кабина (7 патници) и отворен товарен простор, Gazelle Next Van комбе за превоз на 3 и 7 патници и товарен простор со капацитет од 11.5, 13.5 м3 и 15 м3 и Gazelle Minibus за превоз на 16+1 патници.
– Gazelle Business 4X4, теренски товарни возила со погон на сите тркала преку повремен пренос со редуктор, бруто носивост од 3.5 т за превоз на патници и товар и тоа во форма камионети со единечна кабина (3 паници) и дупла кабина (7 патници) и отворен товарен простор, Gazelle Business теренско комбе за превоз на 3 и 7 патници и товарен простор. Gazelle Business патничко комбе за превоз на 8 патници.
– Gaz Sobol 4X4, теренски товарни возила со погон на сите тркала преку повремен пренос со редуктор, бруто носивост од 3 т за превоз на патници и товар и тоа во форма камионети со единечна кабина (3 паници) и дупла кабина (7 патници) и отворен товарен простор, Gazelle Sobol теренско комбе за превоз на 3 и 6 патници и товарен простор. Gazelle Sobol патничко комбе за превоз на 7 патници.
Голем број на делови, произведени од лидерите во автомобилската индустрија – Моторот на сите модели е америчкиот турбо дизел Cummins со зафатнина од 2.8-литри и 120 коњски сили. Вакум пумпа и ABS произведени од германскиот лидер Bosch, предни сопирачки и амортизаери произведени од Mando, клима уред произведен од Delphi, воланска летва и лагери произведени од ZF, безбедносни ремени прозведени од TAKATA.
Една од најголемите предности на GAZ комерцијалните возила е цврстата камионска шасија појачана со У- профили и погонот на задна оска со задни дупли тркала кој обезбедува поголема стабилност на возилото при максимална натовареност. Тука може да се додаде и големата гаранција од 3 години или 150.000 км, како и долгите интервали за сервис од 20.000 км. Kaj Gazelle Next моделите една од предностите е и капацитетот на карго просторот кој кај товарните комбиња достигнува волумен од 15.5 м3, додека кај сандучарите достигнува волумен од 20 м3. Kaj сите GAZ комерцијални возила со отворен товарен сандак добивате гратис церада со арњеви што претставува огромна предност во однос на конкурентните модели бидејќи се работи за опција која вообичаено врзува дополнителни средства за купувачот. Исто така, товарниот сандак кај сите модели е обложен со водоотпорна иверка.
Gazelle Business и GAZ Sobol 4×4 се категории на комерцијални возила со 4×4 погон. GAZ е лидер во производството на теренски товарни возила. Одличните off-road перформанси заедно со високото ниво на комфор го прават ова комерцијално возило повеќенаменско. Минимален напор потребен при ракување со управувачот и педалите, добри повратни информации од управувачот и удобните седишни места го прават возењето комфорно дури и на тешки теренски патеки. Сите поединечни модели на Gazelle Business и Gaz Sobol 4×4 имаат просторна кабина со одличен распоред на седишните места. Gazelle Business комбето како и Gaz Sobol 4×4 комбето имаат дополнителна широка странична врата за утовар на стока.
Конфигурацијата на теренски перформанси е составена идеално и ги прави GAZ 4×4 моделите, едни од ретките возила кои комбинираат одлични теренски карактеристики, цврста и тешка камионска шасија и висок комфор.
– 4×4 систем со повремен пренос на предна оска преку редуктор (регуларниот погон е на задна оска). Овој систем овозможува заштеда на гориво, бидејќи 4×4 системот се употребува само по теренски патеки, додека при нормални градски патеки возењето е со погон на задна оска
– Мало меѓуоскино растојание што дополнително ги подобрува теренските перформанси
– 250 мм клиренс
– 30% агол на искачување на угорнини
– Редуктор кој овозможува возилото да се движи со мала брзина при високи вртежи во минута и моторна моќност, со што го зголемува вртежниот момент на тркалата при надминување на пречките – во off-road услови
– Блокаторот на диференцијал овозможува значително подобрување на off-road возењето и тоа на лизгави патеки или деформабилна почва. Максимална ефикасност на тркалата кога диференцијалот е блокиран
– Off-road гуми 225/75 R16, отпорни на абење и идеални за возење по асвалт, песок, камења и други останати теренски патеки








