Ми-Да Гранд Моторс со бесплатна услуга за здравствените работници

Ми-Да Гранд Моторс се вклучува во поддршката на здравствените работници кои се овој период на првите линии во борбата со вирусот Covid-19.

Ми-Да Гранд Моторс како дел од политиката за општествена одговорност овозможува бесплатна услуга (работна рака) при редовен сервис на возила од брендовите Ford и Hyundai за сите доктори/ки и медицински лица.

Повеќе информации може да најдете на вебстраната на FORD , како и на вебстраната на HYUNDAI каде што ќе може и онлајн да го закажете својот термин за сервис на вашето возило.