На крајот на минатата година, гамата на модели на Kia на нашиот пазар се надополни за уште еден член. Кросоверот Xceed беше претставен од страна на Kia Motors Macedonia, модел кој e четврта изведба во семејството Ceed.
Уште кога беше најавен, беше големо изненадување, а кога се појави на салонот во Франкфурт, предизвика лавина од позитивни рекации и постави нови граници во CUV изведбите.
Од неговото пристигнување до сега моделот се нудеше во неговата Launch Edition верзија, каде нивото на опрема беше највисоко, а веќе од денес кај импортерот се обезбедени повеќе верзии на Xceed. Во салонот е изложен примерок со Vision пакет на опрема, кој е во комбијација со 1.0-литарски турбо бензински мотор со 120 коњски сили, а неговата цена почнува од 18.550 евра.
Vision нивото има доста богата стандардна опрема која вклучува- систем за одржување на возилото во лента, систем за избегнување фронтален удар со детекција на возила и пешаци, сензори за паркирање назад, задна паркинг камера, автоматски двозонски клима уред, 8-инчен infotainment дисплеј со Apple CarPlay и Android Auto, темпомат, предни и задни LED светла, 16-инчни алуминиумски бандажи и многу друго.
Изгледа доста импресивно, а сето тоа е во комбинација со одлична цена. Повеќе информации за возилото може да видите ТУКА или да го посетите продажниот салон на Kia Motors Macedonia!











