Audi го претстави новиот RS7!

Audi претстави чудовиште! Новиот Audi RS7 Sportback е официјално за продажба и го носи истиот 4-литарски twin-turbo V8 како и новиот RS6 Avant, со крајна брзина од 300 километри на час без електронско ограничување.

Овој автомобил својата премиера ја доживеа на овогодинешниот Frankfurt Motor Show, придружувајќи го неодамна претставениот RS6 Avant на штандот на Audi. Новиот RS7 има доста поширок став и 4-литарски мотор со mild-hybrid систем. Следејќи го примерот на претходниот RS7, новиот автомобил е базиран на веќе постоечкиот А7 Sportback зачинет со агресивни делови на надворешноста, како и на најважното место – под хаубата!

Кога сме веќе кај хаубата, доколку ја отворите ќе ве пречека моќниот V8 мотор со две турбини. (да добро прочитавте – ДВЕ турбини). Како резултат на оваа комбинација се добиваат 600 коњски сили и вртежен момент од 800Nm помеѓу 2.100 и 4.500 вртежи во минута, кои со помош на автоматскиот tiptronic менувач со 8 брзини се пренесуваат до сите четири тркала.

RS7 доаѓа со електронски лимитирана максимална брзина од 250 километри на час, но со додавање на Dynamic Package возачот може да ужива во брзини до 280 километри на час. За најсмелите возачи Audi нуди Dynamic Package Plus со кој RS7 достигнува брзини од над 300 километри на час. Новиот V8 мотор користи cylinder-on-demand технологија која ги гаси 2, 3, 5 и 8 цилиндар кога возилото е во повисока брзина, со што автомобилот работи во четвороцилиндричен мод и резултира со намалена потрошувачка. (Причина повеќе да ја убедите вашата жена дека ова е паметна инвестиција). Поради тоа што овој автомобил има mild-hybrid систем, 48-волтен електричен ситем е спарен со алтернаторот и lithium-ion батерија кој во зависност од тоа кој мод е селектиран, овозможува крузање или обновување на електричната енергија.

Гледано однадвор, само хаубата, кровот, предните врати и багажникот се пренесени од стандардниот модел. Предниот дел е 40mm поширок од стандардниот А7, надополнет со прекрасна RS решетка со honeycomb дизајн и големи отвори за воздух од двете страни на браникот. LED фарови и штопови се стандардна опрема во овој автомобил, но за да се разликува од стандардниот А7 тие имаат различна секвенца при отклучување и заклучување. Како стандардна опрема доаѓаат и 21-инчни бандажи, воздушна супензија и нов заден браник со два овални издувни украси (нешто по што се препознатливи сите RS модели на Audi). Како опција, купувачите ќе можат да одберат 22-инчни бандажи, Matrix LED фарови и спортски издув (must have).

Во внатрешноста се сместени пар кожни спортски седишта за возачот и совозачот, flat-bottom волан и купувачите ќе можат да одберат еден од двата пакети за внатрешноста доколку сакаат да додадат малку боја по свој вкус. Новитет се и новите модови на возење – RS1 и RS2 кои се тотално конфигурабилни и се активираат преку посебно копче. За да се долови целото спортско доживување, виртуелната инструмент табла има уникатен RS приказ.  

За разлика од претходниот RS7, новиот модел ќе може да се нарача и со задна клупа наменета за тројца патници (стандардно клупата е наменета за двајца патници).