BMW претстави лимитирана серија- M4 M Heritage Edition

Новата лимитирана серија на M4 е наречена M Heritage Edition, а тоа е козметички подобрена верзија на М4 што оддава почит на тркачкото педигре на германскиот бренд. Производството ќе биде ограничено на 750 единици ширум светот. BMW M4 M Heritage Edition е достапно само во трите бои на BMW M Sport логото , купувачите ќе можат да изберат помеѓу Laguna Seca Blue, Velvet Blue или Imola Red. Промените на надворешноста вклучуваат нов сет на 20-инчни алуминиумски бандажи, уникатно M Heritage брендирање и карбонски покрив кој има лента во боите на BMW M Sport.

Ентериерот има уникатни, двобојни спортски седишта, при што бојата се разликува според надворешната боја. Моделите во Laguna Seca Blue боја добиваат црна и бела кожа со тиркизни шевови, додека моделите во Velvet Blue имаат портокалова и сина кожа . Imola Red моделите доаѓаат со црвена и црна кожа и црвени и жолти шевови.

Моторот е ист како и кај стандардниот M4, 3.0-литарски шестцилиндричен турбо-бензински со 450 коњски сили и 550Nm вртежен момент. Моќта се пренесува само на задните тркала преку 6-степен мануелен менувач. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4.3 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.