Kia лансираше нови plug-in hybrid изведби за Ceed Sportswagon и XCeed, а продажбата ќе започне на почетокот на 2020 година.
Двата модела користат 1.6-литарски четирицилиндричен бензински мотор, електричен мотор и литиум-полимер батерија од 8,9kWh, произведувајќи 140 коњски сили и 265 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на предните тркала преку 6-степен автоматски менувач со двојна спојка. Ceed Sportswagon од 0 до 100 км/ч забрзува за 10,8 секунди, а XCeed за 11 секунди. Kia вели дека двата модела само на електричен погон би требало да поминат до 60 километри, а регенеративен систем за сопирање ќе биде вграден како стандард во сите модели. Потрошувачката, времето на полнење и CO2 емисиите сеуште чекаат хомологација и ќе бидат објавени наскоро.
PHEV моделите како стандард добиваат уникатни 16-инчни бандажи и редизајнирана, делумно празна предна решетка за која Kia вели дека помага во аеродинамичноста на автомобилите. Како опција, Ceed Sportswagon може да се земе и со 17-инчни бандажи, додека кај XCeed може да земете и 18-инчни бандажи.
Внатре, двата модели се со реконфигурирана верзија на 8-инчниот infotainment систем, кој нуди поддршка за Apple CarPlay, Android Auto и UVO телематскиот систем на Kia. Софтверот вклучува низа нови функции специфични за PHEV, како што е локатор за јавни точки за полнење и функција за закажување на времето за домашно полнење.
10.25-инчен дисплеј за infotainment системот е достапен како опција, заедно со 12.3-инчниот “Supervision” дисплеј за инструмент таблата. Двата модели ја добиваат и новата “Driver Only” функција за климата. Овој систем ги гаси сите отвори за климата, освен тој кај возачот за да зачува енергија во батеријата.









