Втората генерација на малиот компактен SUV на Audi пристигна и кај нас.
Новиот модел е малку поголем, попрактичен и добива многу нови хај-тек технологии. Исто така комплетно се променети надворешниот и внатрешниот дизајн. Поставен е на MQB платформата и во споредба со претходникот е подолг за 97мм, 18мм поширок и понизок е за 5мм.
Надворешниот изглед добива нов дизајн и сега возилото изгледа многу поаграсивно и попривлечно. Стандардно доаѓа со Full LED предни светла, а како опција достапни се LED Matrix светлата. Задните светла исто така се LED и сега се потенки и пошироки од претходно. Може да одберете помеѓу 17, 18, 19 и 20-инчни бандажи.
Ентериерот е многу сличен на сите други нови модели на Audi. Го добива најновиот MMI Тouch infotainment систем кој стандардно доаѓа со 8.8-инчен дисплеј, но како опција достапен е и поголем 10.25-инчен дисплеј. Стандардно добивате и Virtual Cockpit со 10.1-инчен дисплеј, а опција е поголем 12.3-инчен дисплеј. Иако ова е еден од помалите SUV модели во гамата на Audi, сепак ги добива сите најнови безбедносни системи вклучувајќи и Adaptive Cruise assist, кој може да забрзува, кочи и врти, а сето тоа го олеснува возењето на подолги релации.
Сега за сега, во Македонија Audi Q3 ќе биде достапен само со два дизел мотори- 2.0-литарски турбо-дизел со 150 коњски сили(35TDI) и 2.0-литарски со 190 коњски сили(40TDI). Појакиот мотор стандардно доаѓа со автоматски 7-степен S-Tronic менувач и Quattro погон на сите тркала. Наскоро ќе бидат достапни и добро познатите турбо бензински мотори- 1.5 TFSI и 2.0 TFSI.
Повеќе информации за возилото на https://www.audi.mk/ или да го посетите продажниот салон на Audi во Скопје каде што ќе може и да го видите новиот Audi Q3.
























