Четвртата генерација на Mondeo e поголема, подобрена и со многу повеќе технологија од претходната. Со својата големина е многу практично фамилијарно возило. Должината изнесува 4869мм, ширината 1852мм и висината е 1476мм.

Надворешниот дизајн на Mondeo можеби не е толку привлечен како кај некои од конкурентните модели, но сепак изгледа супер и се издвојува со својот специфичен изглед. Нешто што паѓа највеќе во очи е предниот дел со маската која малку наликува на моделите на Aston Martin. На располагање имате 2 нивоа на опременост: Trend(во кое што беше тестираниот модел-со нешто ситно плус опрема.) и Titanium. Trend е нивото кое би ви го препорачал бидејки има комплетно се што ви е потребно, а доколку сакате многу повеќе тука е Titanium.
Ентериерот е едноставен и изгледа префинето, а најмногу до израз доаѓа централната конзола со дисплејот од 8 инчи. Материјалите внатре се меки на допир, но има и мали делови каде што има обични пластики. Infotainment ситемот со дисплеј од 8 инчи(кој е опција во Trend) е лесен за користење, графиката е добра и големи пофалби имам за навигацискиот систем кој јасно и навремено ви покажува каде треба да одите. Исто така преку дисплејот може да го контролирате и клима уредот, но има и нормални копчиња под дисплејот.
Седиштата се доста удобни и меки и за долги патувања, лесно ќе најдете удобна возачка позиција, а и повисоките ќе ги собере без никаков проблем. Главниот момент е просторот на задната клупа, има преееемногу простор, дури и тројца позади ќе седат удобно. Дефинитивно ја има најудобната задна клупа во својата класа. Багажниот простор е доста голем, моделот што го имав на тест имаше и петта врата и би ви препорачал да ја земете, многу полесно ќе може да ставате и да вадите работи, а и добивате малку повеќе простор. Големината изнесува 550 литри, а доколку ги спуштите задните седишта 1.466 литри.
Достапни се вкупно 8 мотори од кои 4 се бензиски: 1.0 Ecoboost 125кс, 1.5 Ecoboost 160кс, 2.0 Ecoboost 203кс и 2.0 Ecoboost 240кс.
Дизелски има исто така 4: 1.5 TDCI 120кс, 2.0 TDCI 150кс, 2.0 TDCI 180кс и 2.0 TDCI 210кс.
Во понудата има и Hybrid верзија со 2.0 мотор и располага со 187кс.
Тестираниот модел дојде опремен со 1.5 TDCI кој располага со 120 коњски сили и 270Nm вртежен момент , сигурно си мислите па не е ли слаб таков мотор на оваа големина возило, да и јас го помислив истото, но после првите 10 километри извозени комплетно го променив мислењето. Сосема е доволен овој мотор за во градски услови на возење и за на отворен пат има доволно сила за кога ќе сакате да претекнете некого тоа да го направите без потешкотии, а и менувачот е прецизен. Премногу бев изненаден од потрошувачката, во градски услови на возење изнесуваше 6 литри на 100 изминати километри, за ваков тип на возило тоа е и повеќе од одлично, нели? На отворен пат возете во границата на дозволениот лимит и потрошувачката ќе изнесува од 4.5 до 5 литри. Со сигурност ви го препорачувам овој мотор бидејки е навистина одличен. Нема да згрешите во никој случај. Сепак ако сакате подобри перформанси тука се појаките 2.0 ТDCI и Ecoboost мотори, а со нив и потрошувачката ќе порасне малку повеќе.
Нивото на опрема беше Trend со уште некој плус “ситници”, во превод тоа значи: Двозонски автоматски клима уред, предни и задни паркинг сензори, 8 инчен дисплеј SYNC 3 со поддрша за AppleCarPlay и AndroidAuto, 16 инчни бандажи, LED задни светла, волан и менувач обложени во кожа, систем за загревање на шофершајбната, електрична рачна сопирачка, темпомат, патен компјутер и уште многу други работи.
Возењето е многу комфорно, скоро исто како во авион. Суспензијата одлично ги впива сите дупки и нерамнини поготово со 16 инчните бандажи, да можеби изгледаат малку мали ама добивате плус на комфор, ако ви значи тоа ако не секако има опција и за поголеми. Изолацијата е одлична нема никаква бучава, а со патниците кои седат позади без никаков проблем ќе може да разговарате. Управувачот е прецизен и е лесно да се маневрира низ градските улици. Главниот фокус на Ford им бил во комфорот при возењето и префинетоста, затоа возењето не е забавно како што е кај Volkswagen Passat. Каква е прегледноста? Напред поради големото ветробранско стакло е одлична, но позади и од страните не баш, без паника – затоа доаѓа со предни и задни паркинг сензори кои ќе ви помогнат многу и без проблем ќе може да се паркирате во тесни места.
Промотивната цена на тестираниот модел изнесува 22.690€ .
Повеќе иинформации за возилото може да најдете на http://www.ford.mk/ или да го посетите продажниот салон на Ford.