Ford Fiesta е на пазарот од 1976 година, а многу години е една од најпродаваните автомобили во UK, а има и зашто! Седмата генерација на Fiesta е во продажба од 2017 година.
Кога станува збор за надворешниот изглед новата Fiesta има комплетно нов преден исто така и заден браник, нови фарови со LED дневни светла и за разлика од предходниот модел каде што задните светла беа поставени вертикално сега се поставени хоризонтално со што го прави задниот дел да изгледа поширок.
Меѓуоскиното растојание е 2493мм, ширината е 1941мм и должината е 4040мм.
Внатрешниот изглед е комплетно сменет и изгледа фантастично, материјалите кој што се внатре се од доста добар квалитет, седиштата се добро изработени и се многу удобни дури и за подолг пат. Infotainment системот е поставен на перфектно место, лесен е за користење но понекогаш знае малку да закочи ама ништо страшно.
Седењето на задната клупа е удобно за луѓе до 185cm за повисоки од тоа ќе биде малку проблем, ова е единствената слаба страна на Fiesta во споредба со своите конкуренти. Багажниот простор изнесува 292 литри, а доколку ги спуштите задните седишта 1093 литри.
Моделот кој што го возев беше опремен со 1.5 TDCI турбо дизел мотор со 85 коњски сили и 215Nm вртежен момент. Потрошувачката во градски услови на возење изнесува 5.9 литри на изминати 100 км. Што е одлично, зар не?
Titanium ниво на опрема, а тоа значи мноогу опрема, како што се: Предни дневни LED светла, задни LED светла, 16 инчни алуминиумски бандажи, задни паркинг сензори, спортски седишта, SYNC3 infotainment систем со 8 инчен екран кој поддржува Apple Carplay и Android Auto, Lane keep Assist и уште многу други работи.
Blue wave металик боја која со сигурност ги врти главите на луѓето каде и да поминете.
И за крај какво е возењето во новата Fiesta, морам да признаам дека бев позитивно премногу изненаден од возењето, со еден збор – ОДЛИЧНО! Управувачот е прецизен и лесно може да маневрирате во градски услови, суспензијата лесно се справува со сите дупки на патот, а исто така ако возите со “малку” поголема брзина во свиоците нема да ве изневери во никој случај!
Повеќе информации може да најдете на www.ford.mk .











