Polo се произведува повеќе од 40 години и е второ најпродавано возило на Volkswagen после Golf, а оваа шестта генерација е во продажба од 2017 година.
Надворешниот изглед на новото Polo сега е со поостри линии и помодерен дизајн, исто така поставено е на MQB платформа со што меѓуоскиното растојание е за 92 милиметри подолго, а ширината е зголемена за 69 милиметри што значи сега има повеќе простор во кабината. Работи кој би ги додал на надворешниот изглед се: Алуминиумски фелни иии тоа е тоа.
Внатрешниот изглед е комплетно сменет за разлика од својот предходник, 90% од материјалите кој што се наоѓаат внатре се меки на допир што е одлично! Седиштата сега се поудобни и помеки, ако повеќето од времето го поминувате во автомобил нема да имате никаков проблем.
Во оваа генерација како дополнителна опрема во внатрешноста можете да додадете многу кул опции, а една од нив е активниот инфо дисплеј од 11.7 инчи кој ги заменува традиционалните инструменти. Infotainment системот работи одлично, резолуцијата е перфектна, брз е и едноставен за користење. Работи кој би ги додал во ентериерот се: Кожен волан,централен наслон за раце и 8 инчен екран со поддршка за AppleCarPlay и AndroidAuto.
Кога станува збор за колку место има на задната клупа мислам дека е една од најпросторните и најудобните во својата класа. Исто така, новото Polo може да се пофали и со доста голем багажен простор од 351 литар, а доколку ги спуштите задните седишта добивате 1125 литри.
Тестираниот модел беше опремен со 1.0 атмосферски бензински мотор со 75 коњски сили и 95 Nm вртежен момент со оглед на тоа дека има само 5 брзини повеќе е наменет за возење во градски услови, но ако повеќе време возите на отворен пат ви препорачувам некои од појаките мотори. Потрошувачката на гориво во градски услови на возење е во просек од 7 до 8 литри на 100 изминати км.
Нивото на опрема беше Comfortline плус дополнителна опрема како што се: Темпомат, Проактивен систем за заштита на патници со Front Assist и систем за предупредување на возачот (препознавање на замор).
За крај, какво е возењето во новото Polo, кога ќе седнете зад управувачот имате чувство како да возите некој поголем автомобил, управувачот е прецизен и е лесно да маневрирате во градски услови, суспензијата е можеби малку потврда за разлика од некои од конкурентите но верувајте нема да ви претставува некаков проблем бидејќи ќе уживате во возењето.
Повеќе информации за возилото може да најдете на https://www.volkswagen.com.mk/polo