Оваа генерација на Kia Sportage се произведува од 2016 година, а сега во 2018 го доби својот фејслифт за да изгледа уште подобро и посвежо.
Должината изнесува 4480мм, ширината е 1855мм и висината е 1645мм.

Промените на надворешниот дизајн се дискретни и не толку приметливи но, сепак ги има. Фејслифт моделот има нови браници, нови куќишта за светлата за магла и предната решетка е малку сменета. На задниот дел има нови LED светла и некои хромирани детали. Можете да изберете помеѓу 16,17 или 19-инчни тркала, а сега се достапни и пет нови бои за каросеријата. На располагање има две нивоа на опременост: Првото ниво е VISION а во него добивате(задни паркинг сензори, камера позади,сензор за дожд, аларм, аудио систем со 7 инчен дисплеј(AppleCarPlay и АndroidAuto), LED дневни светла, двозонски автоматски клима уред, управувач и менувач обложени во кожа, темпомат, деллива задна клупа 60:40, 16 инчни бандажи и уште некои ситници). Второто ниво е ADVANCE а во него добивате нешто повеќе од VISION како што се(предни паркинг сензори, 8 инчен дисплеј со навигација(AppleCarPlay и АndroidAuto), JBL аудио систем, греење на предни и задни седишта, електрична рачна кочница, LED задни светла, 17 инчни бандажи, заден спојлер и уште многу други работи). Тестираниот модел беше во FIRST EDITION ниво, а тоа е нешто измеѓу од овие две нивоа. (Blind spot Assist, Lane keep assist, систем за автономно сопирање, електрична рачна кочница, предни и задни паркинг сензори, задна паркинг камера, аудио систем со 7 инчен дисплеј, LED задни светла, двозонски автоматски клима уред, темпомат, privacy glass, 19 инчни бандажи итн.)
Мали промени има и во ентериерот, има комплетно нов управувач и повеќето материјали се подобрени и се меки на допир што е одлично кога ќе ја земете во предвид цената. Седиштата се удобни и има доста прилагодувања за нив па така што и повисоките луѓе ќе можат многу лесно да најдат удобна возачка позиција. Infotainment системот е поставен на перфектна позиција и нема многу да треба да го тргате погледот од патот.Сите модели сега доаѓаат стандардно со 7 инчен дисплеј кој работи супер но, резолуцијата и графиката не се толку добри како кај некои од конкурентните модели ама кај нив не го добивате ова во стандардна опрема…Исто така добро е и тоа што имате и физички копчиња за системот, a не само touchscreen и тие ќе ви помогнат полесно да ракувате додека возите.
На задните седишта има премногу простор и повисоки луѓе од 200cm би немале никаков проблем да седат удобно.Исто така и тројца возрасни луѓе ќе може да најдат удобна позиција за седење. Багажниот простор располага со 503 литри, a бидејќи има под што се подесува , тој е комплетно рамен што е одлично ако ставате или вадите потешки работи од него. Во стандардната опрема добивате и спуштање на задните седишта(60:40) па ако треба да товарите подолги работи тоа ќе може да го направите многу лесно.
Достапни се 2 бензински мотори:
1.6 GDi со 132 коњски сили
1.6 T-GDi со 177 коњски сили
и 2 дизел мотори:
1.6 CRDi со 136 коњски сили
2.0 CRDi со 185 коњски сили
Сите овие мотори ги исполнуваат најновите EURO6d-TEMP стандарди!
Според мене најдобра опција би бил 1.6 CRDi бидејќи има супер перформанси, ниска потрошувачка и е доста тивок во споредба со стариот 1.7 CRDi.
Бензинецот 1.6 GDi е исто така доволен, но не очекувајте кузнее какви перформанси.
Најбитната новост е 2.0 CRDi моторот кој користи и Mild Hybrid технологија со 48V батерија.
Sportage ги опфаќа сите важни работи во возењето за еден SUV модел, лесен е за возење, комфорен и многу практичен. Седечката позиција е висока и имате одлична прегледност напред, назад не е баш многу прегледно, но затоа сите модели доаѓаат стандард со задни паркинг сензори и задна камера што ќе ви го олеснат паркирањето во тесни места. Тестираниот модел беше опремен со 1.6 CRDi моторот со 7 степен автоматски менувач и AWD системот, а просечната потрошувачка во градски услови на возење изнесуваше 8 литри на 100 изминати километри. Реално, ако не возите многу на off road патишта АWD системот не ви ни треба. Автоматскиот менувач работи супер и имам само една замерка, а тоа е кога ќе ја притиснете педалата за гас до крај му треба малку повеќе време да одлучи во која брзина точно треба да врати. Суспензијата одлично ги впива сите нерамнини на улиците и нема премногу навалување во кривините.
Почетната цена со 1.6 GDi мотор и VISION ниво на опрема изнесува 16.950€ .
Цената на тестираниот модел со 1.6 CRDi мотор со автоматски менувач, AWD системот и FIRST EDITION ниво на опрема изнесува 31.850€.
Повеќе информации за возилото може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Kia моторс.