Stonic е базиран на четвртата генерација на Rio, но е малку повисок и “понабилдан”.
Должината изнесува 4140мм, ширината 1760мм и висината 1520мм.
Надворешниот изглед е специфичен, а на помладите купувачи им е особено атрактивен.
Одлично се вклопува во урбаната средина и штом го видите одма ќе препознаете дека се работи за модел на Kia. Една од кул опциите кој ги има Stonic е тоа што може да го земете во две различни бои, а тоа значи кровот да биде во поинаква боја од таа на каросеријата. За бојата на кровот имате на располагање пет бои а тоа се: Aurora Black, Electric Green, Signal Red, CLear White и Tan Orange.




Внатрешниот изглед е сличен како оној во Rio, седењето напред е комфорно и има доволно простор и за повисоки луѓе, седиштата се удобни и меки за подолги патувања. Повеќето од материјалите кои што се наоѓаат внатре се тврди на допир, но реално во оваа класа на возила неможе да се очекува премногу луксуз. Во основното ниво на опрема добивате дисплеј од 7 инчи и поддршка за AppleCarPlay и AndoridAuto, Infotainment системот има одлична резолуција, брз е и едноставен за користење.Додека пак во повисокото ниво на опрема големината на екранот е иста, но добивате и навигациски систем, побрз процесор и задна камера.



Просторот на задната клупа не нуди нешто премногу, луѓе до 190cm ќе можат да седат комфорно, повисоки од тоа ќе имаат мал проблем. Багажниот простор изнесува 352 литри, а доколку ги спуштите задните седишта добивате 1155 литри.
Во понудата на располагање имате вкупно 4 мотори од кои 3 се бензински-1.25 MPi 84ks, 1.4 MPi 100ks и 1.0 T-GDi 120ks и еден дизелски-1.6 CRDi 110ks.
Тестираниот модел беше опремен со 1.25 атмосферски бензински мотор со 84 коњски сили и 122Nm вртежен момент. За возење во град е прилично добар мотор, а и потрошувачката не е воопшто лоша, мојата просечна потрошувачка изнесуваше 7.4 литри на 100 изминати км.
За отворен пат па и не е баш одличен, ако имате наполнето багаж и треба да претекнувате тоа ќе оди малку потешко, а и бидејки е мал мотор има и мала бучава во кабината. Според мене, најдобра опција е 1.0 турбо бензинецот одличен и во град и на отворен пат, а и потрошувачката нема да биде многу висока.
Нивото на опрема беше Experience, а тоа значи: скоро сите системи за безбедност, 7 инчен дисплеј со AppleCarPlay и AndroidAuto, управувач и рачка од менувачот обложени со кожа, централен наслон за раце, патен компјутер, Bluetooth и уште многу многу други ситници.
Возењето во Stonic е релаксирачко на отворен пат и лесно ќе може да маневрирате низ тесните градски улици, повисоката седечка позиција помага во прегледноста на возилото така што паркирањето нема да претставува никаков проблем. Управувачот е лесен и прецизен, суспензијата можеби не е меѓу најдобрите но не е ни за занемерување дури и ако се најдете на пат полн со свиоци нема да ви биде здодевно!
Повеќе информации за возилото може да најдете на http://www.kiamotors.com.mk/model_package.php?model=stonic или да го посетите продажниот салон на Kia.