Новата Fiat Grande Panda пристигна во Македонија

Во салонот на Fiat пристигна целосно новата Grande Panda – можеби и еден од најважните модели за брендот во моментов. Grande Panda, првиот модел на новото глобално семејство, совршено го претставува италијанскиот бренд со својот дизајн, компактни димензии и одржливост.

Со овој модел, Fiat повторно се враќа во Б сегментот на европскиот автомобилски пазар, каде што е лидер со децении. Со својот карактеристичен дизајн, новиот модел е идеално возило и за семејства и за поединци кои живеат во урбани агломерации низ целиот свет. Дизајниран во Центро Стиле во Торино, Grande Panda се карактеризира со компактен формат, чисти дизајнерски линии и совршено организиран ентериер, погоден за семеен живот и урбана мобилност. Робусниот и структуриран екстериер на автомобилот, заедно со неговиот динамичен облик, зрачи со сила и уникатност. 

Grande Panda е првиот модел на Fiat изграден на „Smart Car Platform“ на групацијата Stellantis. Ова ново семејно возило е општествено значајно со својата флексибилна и разновидна мултиенергетска платформа, која ги задоволува барањата и очекувањата на клиентите на различни пазари. 

Ова е прв пат зборот „Grande“ да не значи голема – Grande Panda е всушност компактна по големина. Со должина од 3,99 метри – под просекот во класата – 1,76 метри ширина (без ретровизори) и 1,57 метри висина, нуди простор за 5 возрасни лица. Ова го прави целосно семеен автомобил. Ги споделува вредностите на својот историски претходник од пред четири децении со својот италијански дизајн, кој е едноставен, а сепак многу функционален. Надворешноста на Grande Panda се карактеризира со комбинација од препознатливи површини и рабови, надополнети со робусна пластична облога на браниците, нагласени со дизајнерски заштитни плочи. Овие елементи ѝ даваат на каросеријата енергичен и самоуверен изглед.

Grande Panda може удобно да превезува 5 лица благодарение на интелигентното користење на просторот. Внатрешната ширина на кабината во висина на рамената е меѓу најдобрите во сегментот. Во кабината има бројни прегради за складирање скриени во неа, често на неочекувани места. На пример, на контролната табла има прегради за складирање со вкупен волумен од 13 литри, од кои најголемиот има волумен од 3 литри. 

На нашиот пазар Grande Panda е достапна во три нивоа на опременост: Pop, Icon и La Prima. Достапни се вкупно седум бои и тоа во многу интересни нијанси – тука нема да најдете здодевни сиви или темни бои. 

Во однос на погонот, достапни се вкупно три верзии, од кои две се бензински и една електрична. На почеток, достапна е само  хибридната верзија со 1.2-литарски турбо бензинц со 100 коњски сили и 6-степен автоматски менувач. Наскоро во понуда ќе има и верзија со класичен 1.2-литарски бензинец и мануелен менувач, како и целосно електрична верзија со батерија од 44 kWh и досег до 320 километри.

Почетната цена за новата Fiat Grande Panda изнесува 17.990 евра.

Повеќе информации може да најдете ТУКА или да го посетите продажниот салон на Fiat.