Peugeot најави пет нови електрични модели во следните две години

Вчера се одржа „E-Lion Day“ конференцијата каде Peugeot ги претстави своите планови за електрификација. Peugeot E-3008 ќе биде првиот модел од оваа нова генерација. Дополнително, од брендот најавија дека во 2023 година секој модел во понудата ќе биде електрифициран, во 2025 година Peugeot ќе има електрична верзија од секој модел, а во 2030 година на европскиот пазар брендот ќе продава исклучиво само електрични модели.

Peugeot за време на презентацијата на „E-Lion Day“ ги претстави целосните планови за електрификација на марката за наредните неколку години. И најави дека почетокот на ова е многу блиску. Во втората половина од оваа година ќе биде претставен новиот Peugeot E-3008. Набргу потоа ќе следи и E-5008, а потоа ќе следат повеќе модели, вклучувајќи автомобили со „mild-hybrid“ систем. 

Новиот Peugeot E-3008 е важен бидејќи ќе биде првиот модел на марката што ќе се базира на STLA Medium платформата. Новата база ќе овозможи три погонски конфигурации и опсег до 700 километри. 

Иако компактните теренци ќе дебитираат како електрични автомобили, веројатно е дека на пазарот ќе се појават и верзии со други типови на погон. Особено на пазарите кои не се соодветни за брзо префрлување на електрични автомобили. Платформата STLA Medium го дозволува тоа, иако мора да очекуваме дека тоа ќе бидат хибридни единици, а не класични мотори со внатрешно согорување.

Покрај тоа, пет нови електрични автомобили треба да дебитираат во следните две години. Меѓу нив ќе биде и караванот Peugeot E-308. Извршниот директор на Peugeot, Линда Џексон, нагласува дека сè уште нема конкуренција во сегментот на електрични, компактни каравани и Peugeot има шанса да стане „доминатор“ овде. Е-308 ќе користи нови електромотори со моќност од 156 коњски сили и батерија која му овозможува да помине до 400 километри со едно полнење. Како и да е, овие модели веќе дебитираа, а тука е и планираниот Е-408.

Peugeot планира до 2025 година секој модел од гамата да има свој пандан на струја, а пет години подоцна сите модели во Европа да бидат целосно електрични. Дотогаш, гамата ќе биде проширена и ќе вклучува автомобили доградени со „mild-hybrid“ системи. Тоа ќе бидат 1.2 Puretech единици со моќност од 100 или 136 коњски сили, со шестстепен автоматски менувач со две спојки. Покрај тоа, тие ќе бидат поддржани од електричен мотор со речиси 30 коњски сили. Се очекува овие мотори да обезбедат 15% поголема ефикасност и да можат да возат до 1 километар без користење на мотор со внатрешно согорување. Истражувањата покажуваат дека во случајот со 3008, оваа единица ќе овозможи повеќе или помалку полуелектрично возење во секојдневна употреба.