Преку „E-Lion day“ Peugeot ја користи можноста во својата прва комуникација во оваа 2024 година, да ја претстави посветеноста на брендот кон одржливиот развој, како и структурата на активностите кои ја поддржуваат амбиција на брендот.
Linda Jackson, извршен директор на Peugeot изјави: „Со проектот E-Lion, PEUGEOT го спои целото свое технолошко знаење и креативноста на тимовите на Peugeot, за да им овозможи на сите свои клиенти пристап до одржлива мобилност. Како лидер, сакаме да го отвориме патот. Тоа е неверојатно одговорна задача“.
Во 2024 година, 100% електричната гама на PEUGEOT ќе биде дополнително збогатена со два нови модели: E-408 и E-5008. Со овие вкупно 9 патнички возила и 3 лесни комерцијални возила, Peugeot нуди најширока гама на електични возила, од кој било европски производител на автомобили.
Во 2023 година, Peugeot беше водечки бренд во В сегментот на електрични возила во Европа со Е-208 и Е-2008. Peugeot е и европски лидер во продажбата на лесни комерцијални возила со нулта емисија. Во 2023 година, редовната годишна студија спроведувана од организацијата YouGov, го рангираше Peugeot како омилен бренд на автомобили помеѓу француската популација. Овој резултат за нас претставува голема гордост, бидејќи истиот е искажан во пет последователни години.
Низ целата своја 100% електрична гама, Peugeot гарантира дека мобилноста со нулта емисија останува достапна. Истото е цел на понудата именувана како „PEUGEOT Customized Lease“, каде висината на ратите за отплата се во зависност од изминатата километража, а за успешноста на овој производ говори фактот дека истиот е избиран од речиси секој петти купувач на E-208 во Франција. Новиот Е-208 е дел од планот “My Electric Lease” на француската влада со понуда од само 99 евра месечно, овозможувајќи им на поскромните домаќинства и помладите генерации да имаат пристап до ефикасната електрична мобилност.
Со Free2Move Charge, клиентите на Peugeot имаат пристап до една од најобемните мрежи за полнење во Европа. Вклучува повеќе од 600.000 јавни станици за полнење, од кои над 77.000 се брзи полначи кои овозможуваат да добиете 100 km опсег за само 10 минути кај новиот E-3008.
Jérôme Micheron, продукт менаџер во Peugeot изјави: „Нашите модели не се само достапни за секого, туку тие се и најефикасни во нивните сегменти. На пример, PEUGEOT E-308 има најниска потрошувачка на електрична енергија во својата категорија“.
Уверен во квалитетот на своите производи, Peugeot им понудува на клиентите на новиот E-3008 „PEUGEOT Allure Care“. Програма која гарантира спокој. Истата вклучува гаранција на електричен мотор, полнач, погонска група и сите главни електрични и механички компоненти до 8 години / 160.000 km. PEUGEOT Allure Care ќе придонесе кон забрзување на прифаќање на оваа најнова генерација електрични автомобили, со што им понудува на клиентите спокој кои им е потребен за да преминат кон електично возило.
Phil York, директор за маркетинг и комуникација во Peugeot изјави: „Веруваме дека Peugeot Allure Care ќе го забрза прифаќањето на најновата генерација на 100% електрични возила на Peugeot, овозможувајќи им на клиентите спокој кој им е потребен за да направат премин кон употреба на електрично возило. Оваа исклучителна широка палета е доказ за довербата што ја имаме во квалитетот и доверливоста на нашите производи“.
Peugeot го носи искуството на клиентите, еден од 5-те столба на проектот E-Lion оди уште подалеку нудејќи ја технологијата “ChatGPT“ низ целата своја палета на патнички и комерцијални возила. За почеток, ова ќе биде имплементирано на 5 пилот пазари пред претставување кон пошироката јавност, започнувајќи од втората половина на 2024 годina. Најпознатиот генеративен модел на вештачка интелигенција е интегриран во PEUGEOT i-Cockpit и преку гласовниот асистент “OK PEUGEOT“ станува вистински партнер способен да одговори на безброј прашања и барања на корисникот без разлика на тема.
Откако ќе се активира гласовниот асистент “OK PEUGEOT“, едноставно со говор треба да го искажете Вашето барање за “ChatGPT“ да ви одговори. Генеративната вештачка интелигенција може да даде одговори на конкретни прашања, на пример: да предложи знаменитости за посета во град, да ги презентира и да Ве води до таму во координација со системот за навигација. Може и да го оживее Вашето патување преку интеракција со патниците, давајќи слобода на Вашата креативност.
За да обезбеди рециклирање на возила кои се на крајот на употребниот век во Европа, STELLANTIS ја создаде “Sustainera Valorauto“, преку партнерство со “Galloo“ кој е европски лидер во рециклирање. “Sustainera Valorauto“ им нуди на професионалците и на поединците комплетно решение кое вклучува превземање и демонтирање возила, обновување, реконструкција и рециклирање на материјали.
Хуманоста и животната средина се клучни во проектот “E-Lion“. PEUGEOT одлучи да ја позиционира едукацијата во сржта на својата одговорна стратегија и да го фокусира својот придонес кон конкретни едукативни акции кои влијаат на животната средина.
Првата соработка беше воспоставена во пролет 2023 година, со француското научно и образовно здружение “UNDER THE POLE“, чија една од мисијата е да се зголеми свеста кај новите генјерации, за главните предизвици за зачувување на океаните. Возила Peugeot BOXER беа на располагање за транспорт на опремата на здружението за време на експедициите. Но, исто така се користеа за потребите на “UNDER THE POLE“ едукативниот караван кој се одвиваше во Франција и беше фокусиран кон подигање на свеста за заштита на океаните и тоа кај пошироката јавност и во училиштата.
Linda Jackson, извршен директор на Peugeot изјави: „Денес, повеќе од кога било, бренд како Peugeot, треба да допридонесе за поодговорен и одржлив свет за сите идни генерации. На пат сме да ја постигнеме нашата цел, целосно без емисии, но постојат различни начини да се постигне тоа. Убедена сум дека едукацијата е еден од клучните елементи за поодржлив свет и затоа сакаме да го дадеме нашиот искрен придонес“.








