Новиот Jeep Avenger отсега е достапен на македонскиот пазар 

Во салонот на Jeep пристигна целосно новиот Avenger – најмалиот SUV на брендот до сега. Ова е автомобил кој со сигурност ќе стекне многу голема популарност бидејќи сегментот во кој припаѓа е доста популарен, а Avenger има многу што да понуди. Дополнително, Jeep Avenger е изгласан за Европски Автомобил на Годината!

Jeep во својата понуда не нуди само теренски возила. Овој бренд има уникатен стил што го ценат клиентите на многу пазари. Затоа, не е ни чудо што брендот се одлучи да претстави автомобил кој припаѓа во Б сегментот. Jeep Avenger е модерен, интересен, но погоден и за некој лајт off-road патишта. Jeep Renegade и Compass можат да се справат лесно со возење надвор од патот. За Avenger, сепак, најголемиот предизвик ќе биде урбаниот теренски терен во форма на тротоари, дупки и излези до подземни гаражи. Овој автомобил е создаден за луѓе кои го сакаат стилот на Jeep, но имаат потреба од градски автомобил. И Avenger ќе биде совршен во оваа улога, бидејќи е мал и агилен.

Новиот Avenger е долг 4,08 метри, што е за 16 сантиметри пократок од Renegade. Автомобилот е изграден на платформата eCMP, позната по други автомобили од Stellantis групацијата. Интересно за Avenger е тоа што овде е зачуван американскиот лик, но доста приметливи се и италијанските детали. Дизајнот на автомобилот се одликува со добри пропорции и интересни елементи кои го разликуваат од другите модели на Jeep. И како што Renegade стана популарен поради својот изглед, Avenger сега оди по идентичен пат. Неговата модерна силуета е привлечна и ќе им се допадне на навистина широк спектар на луѓе.

Внатрешноста изгледа многу привлечно. Ова ќе биде силна страна на овој автомобил. Целата кабина е со многу интересен и дигитализиран стил. На централната конзола е поставен 10.25-инчен екран за инфозабавниот систем кој воедно добива и нов софтвер, додека пред возачот стандардно се добива целосно дигитална инструмент табла. Внатрешноста има и огромни прегради за складирање, кои нудат 34 литри дополнителен простор. Багажникот има капацитет од 380 литри, така што ќе биде корисен не само за пазарење.

Друга интересна карактеристика на автомобилот е способноста да се персонализира неговиот изглед. Понудата вклучува многу додатоци во форма на налепници, панели во боја, комбинации на интересни бои за некои елементи… Благодарение на ова, секој ќе може да создаде свој „Avenger“. Ова е добра идеја, особено за ваков тип на градски автомобил. 

На нашиот пазар, Avenger е достапен со 1.2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 100 коњски сили на предните тркала. Овој мотор е достапен исклучиво со 6-степен мануелен менувач. Во понудата е целосно електричниот Avenger, кој користи батерија од 54 kWh што пак овозможува досег со едно полнење до 400 километри. Моќноста кај оваа верзија е 156 коњски сили и 260 Nm вртежен момент. 

Почетната цена за Jeep Avenger Altitude 1.2 100 MT6 изнесува 27.550 евра.

Повеќе информации за автомобилот може да најдете ТУКА